Поезија – Срѓан Секулиќ

/, Литература, Блесок бр. 119/Поезија – Срѓан Секулиќ

Поезија – Срѓан Секулиќ

АРГАДИНИ
НОЕ ВО САЛОНТА
ЗЕМЈА
МИНИМАЛИЗАМ
РИМА


ЗЕМЈА

Ги слушам мајчините повици од градината.
Ја гледам подгрбавена во црнината додека ги полева билките.
Потем, погледот го насочувам кон моите нозе.
Потколениците и листовите со црвени точки,
многу комарци и мравки.

Го спуштам погледот кон своите стапала.
Тие се, можеби јас би сакал така,
соединети со земјата.

Ја сеќавам енергијата, топлината на земјата,
ама и таа е црна.
Пак го кревам погледот кон мајка ми.

Сега е исправена ама пак е мала.
Налетите на ветрот си играат со нејзините црни прамени.
Ми приоѓа, ми кажува дека про’ртил кромидот,
се насмевнувам.

Следниот миг со голем напор и вресок
скокам и ја заривам главата во црната земја.
Уживам додека устата ми се полни со неа,
а мајка ми во црнина лелека.

АвторСрѓан Секулиќ
ПреводЕлизабета Баковска
2018-09-25T09:26:21+00:00 мај 12th, 2018|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 119|