Поезија – Срѓан Секулиќ

/, Литература, Блесок бр. 119/Поезија – Срѓан Секулиќ

Поезија – Срѓан Секулиќ

АРГАДИНИ
НОЕ ВО САЛОНТА
ЗЕМЈА
МИНИМАЛИЗАМ
РИМА


НОЕ ВО САЛОНТА

Во Салонта
пред православната црква
човек клањаше намаз

Зачудените мештани,
пред сѐ Романци и Унгарци
се собраа
околу клањачот

Овој,
на за нив потполно
непознат јазик
со раширени дланки кон
небото
го повикуваше Бога

Ја Раб!
Ја Раб!

Професорот по историја
во пензија
Лазареску Данте Ремус,
еден од посматрачите,
ни самиот не знаејќи зошто
се сети на писателот Лајош Зилахи
роден во Салонта
и неговиот роман
„Арарат“

На клањачот,
кој го забележа професорот
по завршувањето на молитвата,
му се насолзија
очите

Како да знаеше
дека професорот
размислува токму
за неговиот
роден крај…

Местото
на кое
и по Куранот
и по Светото Писмо
Ное (Нух)
со голема бука
па потем со молк
се насукал.

На Данте
му стана јасно.

Тоа е Ное
или Нух.
Или е тоа
само неговиот дух…

во Салонта,
некогаш на Панонското Море
каде што дува
ветер
сув.

АвторСрѓан Секулиќ
ПреводЕлизабета Баковска
2018-09-25T09:26:21+00:00 мај 12th, 2018|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 119|