Поезија – Срѓан Секулиќ

/, Литература, Блесок бр. 119/Поезија – Срѓан Секулиќ

Поезија – Срѓан Секулиќ

АРГАДИНИ
НОЕ ВО САЛОНТА
ЗЕМЈА
МИНИМАЛИЗАМ
РИМА


АРГАДИНИ

„Аргадини!“[1]
викнало русокосо момче
од албанска националност
на пристаништето за бродови
во градот викан Тесалоники.

Александрос, славниот поет, пред смртта
го запишал овој збор во својот нотес и му подал
на момчето врзопче со пари.

Плаќал за зборови…

„Аргадини“, повторил стариот поет
а снежните планини на Северен Епир
му се покажале пред очи.

Русото момче гледало во бродовите што заминуваат
и жалело по својот мртов другар.
„Еј, Селим. Се плашам, морето
е толку големо.
Сѐ што сега гледа е морето,
бескрајното море.
Ноќеска ја сонував мајка ми, пред куќниот
праг, расплакана.
Беше Божиќ. Ѕвоната ѕвонеа,
снег паѓаше на планината.
Еј, Селиме.
Еј, Селиме!“


1. Многу редок и стар грчки збор, кој се користи по селата во Северен Епир и има двојно значење: „многу доцна“ и „длабоко во ноќта“.

АвторСрѓан Секулиќ
ПреводЕлизабета Баковска
2018-09-25T09:26:21+00:00 мај 12th, 2018|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 119|