Поезија – Зоран Анчевски

/, Литература, Блесок бр. 124/Поезија – Зоран Анчевски

Поезија – Зоран Анчевски

1
2
Магла
4
5
6
Привид
Последниот поход
Поплака на стариот воин
Доаѓања – заминувања?


2.

…но молитва ли е тоа
или лелеав шепот од небесата
што се спушта врз нас
ко оката рибарска мрежа?

Овде и водата ја мешаат со молитви,
бавно отпиваат голтка по голтка
за да ја згаснат жедта на душата
што се ниша ко сув лист напладне.

Тежок е воздухот, прејаден со влага
до пукнување, стежнат ко матна вода
во мртвица. Отпиваш од сопствениот одраз
во воденото огледало што лигаво истекува

и ја чекаш свежината на ноќта
да се закотви крај овој непознат брег
кон кој и брановите плахо се прикрадуваат,
оти сѐ што итало, веќе одамна си заминало.

Останал сал тој молитвен веј, густо сталожен,
чиниш древна е предупреда од премалени гранки
што висат како празни ракавици
врз склопените дланки на водата.

Перумпалам, Кочи
,
Керала, Индија 2016

АвторЗоран Анчевски
ПреводЗоран Анчевски
2019-04-16T10:33:39+00:00 март 30th, 2019|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 124|Tags: |