Поезија – Владислав Христов

/, Литература, Блесок бр. 122/Поезија – Владислав Христов

Поезија – Владислав Христов

само што стана косачот
а сенката од крушата
го следи цело попладне
штом сонцето
му го подгори вратот
си задремува стариот косач
слатка дремка
додека полето уште свети
ноќта далеку е
и секоја смрт
изгледа невозможна

АвторВладислав Христов
ПреводВангел Имреоров
ПреводЃоко Здравески
2018-11-30T13:20:02+00:00 ноември 29th, 2018|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 122|