Нивните разговори

/, Литература, Блесок бр. 99/Нивните разговори

Нивните разговори

Писма
Врски
Илузии
Лаги
Свестувањa
Другарствa
Љубов:
Разделби
Болки
Вини

Е значи, не ми се веруе… Шо ти реков? Параноја, а? Не знам од кај да почнам…
Ти текнуе коа седевме у тој барот со таа јаката слика, све забораам како се вика, аман, зимата пред две години мислам, коа отидовме ти и ја да купиме цигари, ама беа затворени сите продавници наоколу, па моравме да шпартаме више од саат време? Не знам дали се сеќаваш, али како и да е, додека ние мрзневме по снегот, на Маја у некој момент ѝ се испуштило пред Горјан за ситуацијата со тој типот, као се викаше, тој шо ја измлатил, кога имала спонтан. И можам да замислам како било, како по обичај покажувала колку е она жртва, колку е она посебна и сл. Ако добро разбрав, Горјан тогаш демек осетил не знам си колку огромна привлечност кон неа и од тој момент толку се опседнал со нејзината длабочина и посебност, што не можел да мисли на ништо друго. Демек пред тоа не ја ни гледал ко сексуално суштество… Мижи Асин… А многу убао памтам, пичка ти материна, ти реков тогаш дека нешо не е ко шо треба. Ама не, не, си замислуваш, сè е ОК. Иван се фура, ко увек, кур се фура Иван, да ти ’бам тоа. Плус, кога се вративме, памтам дека беа онака ептен замислени и не сакаа да кажат шо им е, наводно им се приспало чекајќи… Општа слепоќа сме значи, не ми се веруе. Неколку дена после тоа, налетале еден на друг не знам каде, демек случајно, али кој ги знае, и не знам точно како и шо се десило, али многу убаво памтам дека некое време после тоа излагање, двајцата отидоа негде од работа, па излеговме ти и ја сами после сто илјади години и им пукавме сеир шо мораат да рмбаат, а ние се журкаме. Епа работеле бе, да. Се изнаработиле меѓусебно, мамичето нивно.
Не знам шо да мислам и шо да напраам, најсериозно. Од една страна сакам да ги фатам и да ги задавам или да им свариме кафе за добро утро со мало изненадување – отров, некој бавен и ефикасен и по можност ептен болен и додека умираат да им ги палиме омилените ствари или луѓе, што да е или да им ги однесеме на оној Лудиот шо ги тепаше сите у маало! Од друга страна, сеедно ми е, кога дознав некако мислам дека себеси си изглумив љубомора, ми се чини дека сите атоми страст што ги имав за него ми се истрошени после сите глупости низ коишто сме поминале, а ќе речеш кога ќе поминеш низ толку со некој, ништо не може да ви ја изгасне љубовта. Жими кур. Од трета страна, тотално ги разбирам некако. Скроз ми има смисла нивното спарување. Две толку себични створења неам видено у живот. Да не зборам за нивниот капацитет за измислуење лаги и срања. Може и треба да се тргнам. Али од четврта страна и вие сте у игра, не можам да замислам да не сте пар некако. Се сеќавам дека порано ти се лутев, коа ја фати, зашо не те глеав веќе толку често и уше помалце па на само, ама сеа више шо знам, ве навикнав… До душе знаеш од увек шо мислам за неа. Моеш ти многу боље сонце, али не праам нишо дур не збориме, не се секирај.
А пази како дознав: не знам дали ти иам кажано али на работа иаме една нова, мрдната скроз, до душе не е веќе нова, више од една година работиме заедно. Како и да е, прееска излегов на пауза од работа со неа на кафе и нешо зборевме за свашта и од муабетот сфатив дека типката е уствари онаа Горјан стално шо ја спомиња, Кикс, најбоља другарка шо му била од увек, ама што се преселила не знам си каде, па само по нет збореле на работа се претставуе ко Кики, и ме знаеш мене, сакав нешо сочно да извлечам, не ѝ кажав дека го знам и почињам ја нешо да ја манипулирам да ми збори за него, демек сум се фасцинирал од нивното „пријателство“ и све ми изнакажа типката, ЛОЛ, нашол на кој да раскажува, копиле глупо! Пази од мал знаел дека е геј и она знаела. А колку пути го иаме праено муабетот, знаеш, сум ти раскажуел. Не, он нејќел од увек да пуши, девојка имал у средно, кур имал девојка, освен Десанка Шакиќ можда, знаев дека друга не видел, али ај. Добро сеа и девојка ти. Јеби га.
Е така сонце… ај мора да одам да поработам нешо, ме глеа глупион шеф нешто под цвикера од прееска.
Шо викаш? Ќе се праиме дека не знаеме? Или да почињам со спремање плот за убиство?
Ај, јави ми се после да се видиме. Чаос, Иван

АвторФросина Стојковска
2018-08-21T17:20:42+00:00 ноември 9th, 2014|Categories: Проза, Литература, Блесок бр. 99|