Многу куси раскази

/, Литература, Блесок бр. 17/Многу куси раскази

Многу куси раскази

Погрешен чекор
Несмасни забави
Чудовишта во визбата
Внатрешна бездна
Судбоносна грешка
Последици на невнимание
Безизлезна положба
Катастрофа
Телеграма

На работ од шумата, попладне, некои луѓе трчаат разгрлувајќи ја високата трева и мавтајќи со знаменциња.
Нивните движења отпрво како да зборуваат дека нашле некаков мошне редок полжав што порано служел за јадење, или некаков плод уништен со растителна болест што одамна не се јавувала.
Жените што работеле во расадникот ја оставаат работата; еден велосипедист го потпира својот велосипед на километарскиот столб.
Парталковец што по насипот берел булки нагло исчезнува во тревата одронувајќи ги латиците на цвеќето.
Дојдени до чистинката во шумичката сите гледаат: небото исчезнало а место него во просторот се преметкува счудоневидената празнина.
Лесно би било да се помисли дека сето тоа е прелага на попладневниот сон кога наоколу толку слатко и рамнодушно не би мирисала покосената трева.

2018-08-21T17:22:01+00:00 октомври 1st, 2000|Categories: Проза, Литература, Блесок бр. 17|