Многу куси раскази

/, Литература, Блесок бр. 17/Многу куси раскази

Многу куси раскази

Погрешен чекор
Несмасни забави
Чудовишта во визбата
Внатрешна бездна
Судбоносна грешка
Последици на невнимание
Безизлезна положба
Катастрофа
Телеграма

Не требаше да го раскажува својот сон на жена си.
Во сонот, кој во неговите ноќи се повторуваше мошне често, тој слегуваше низ еден голем ѕид со помош на јаже. Тоа беше дел од некаква тврдина, бедем од некој средновековен замок. Во сонот тој се спушташе низ јаже, потпирајќи се со нозете на ѕидот и обидувајќи се да не гледа во ужасната бездна под него. Тоа секогаш траеше мошне долго и беше многу напорно и возбудливо.
Не требаше да го раскажува тој сон на жена си, зашто уште следната вечер, штом почна да слегува низ јажето, една женска рака се укажа од малечкиот темен прозорец во ѕидот и го принесе ножот што го држеше кон јажето.
Тој крикна и полета во бездната.
Го најдоа наутро мртов, паднат од креветот. Срцев удар, објаснија лекарите.
Сè беше лесно објасниво освен присуството на ножот покрај креветот на жена му, но освен неа него никој и не го забележа.

2018-08-21T17:22:01+00:00 октомври 1st, 2000|Categories: Проза, Литература, Блесок бр. 17|