БЕСКУЌНИКОТ ПРЕД ПРОЗОРЕЦОТ НА РЕСТОРАНОТ
Што е тоа во стаклото?
Воздух што се ужасува од ветрот, простор без грешка
Ги гледам совршени,
желни така да остане засекогаш Камо среќа,
јадењето е емотивен чин, и храната што ја џвакаат
му годи на мојот јазик:
ги чекам, јас, нивниот ужас пред животот,
со мачка во скутот
која умее да скокне така што за нозете
обесува покрив на кола и малечок град,
и сè за час станува напнато и диво
Млада жена однатре ми носи чашка чај,
ми приоѓа како на тигар што му се приоѓа со месо
Од нејзиниот стомак се слуша
дека животното копнее по крзно
Воздухот меѓу нас за час затреперува од пареата
и, знам, морам да ѝ го фрлам чајот в лице
оти ми треба крик што ќе ја распара глетката
за убаво да го личи прашањето:
Каде е млекото,
сакаш ли да кажеш дека не сме во Англија?
Упс, белината закорено виси над градот,
велат, божиќни украси – јас мислам:
премногу колачи од сирење, ужасот на кравата,
нејзин скромен придонес за смртта