Механиката на поленот

/, Литература, Блесок бр. 125/Механиката на поленот

Механиката на поленот

СЛЕПА ПАТНИЧКА
СОБАРКАТА ШТО ДИПЛОМИРАШЕ НА ТОМАС ХОБС
МАНЕКЕН СО РАК
ПОСЕТИТЕЛКА НА ДУЌАНИ СО ИЗНАЈМЕНА СТОКА
ФРИЗЕРКАТА ШТО СЕ УДАВИ
РАБОТНИЧКАТА СО ИСТРОШЕНИ КОЛЕНА
МАРАТОНКА
БЕСКУЌНИКОТ ПРЕД ПРОЗОРЕЦОТ НА РЕСТОРАНОТ
ЖЕНАТА ШТО ПРВПАТ ЛЕТА
ПРОСЈАКОТ ШТО НАЛИКУВА НА ЦРН МАЧОР


ПОСЕТИТЕЛКА НА ДУЌАНИ СО ИЗНАЈМЕНА СТОКА

Во просторите полни волна
ужасно е да се загризе

Џемпер-жолч до џемпер-ноќ,
џемпер-бог до џемпер-крв,

џемпер-млеко во мачни количини,
редови панталони ладно лишени од цел

Може ли некој да ми каже што сте направиле со телата?

Механичките раце, пребираат, пребираат, бараат,
бараат да им се објасни од кого доаѓаат

Ископав брехт-кошула која вели:
злостор е да се зборува за цвеќе крај толку болка

Нечувствителна сум, го сеќавам тоа во џебовите,
со дланките тоа го ситнам ситно,

и стереотипот на благајничката се стресува
од допирот на она што го велат монетите,
но погледот ѝ, празен, останува вперен право во рајот

Кажи ми, што направија со телата?

Наскоро,
кога ќе удри дрво од дрво и ќе останам затворена,
ќе бидам дома
(Што, што направиле?)

Од мракот конзилиум билки ќе шепоти:
диши, диши, диши

АвторМартина Видаиќ
ПреводЃоко Здравески
2019-06-14T20:21:58+00:00 мај 30th, 2019|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 125|