Механиката на поленот

/, Литература, Блесок бр. 125/Механиката на поленот

Механиката на поленот

СЛЕПА ПАТНИЧКА
СОБАРКАТА ШТО ДИПЛОМИРАШЕ НА ТОМАС ХОБС
МАНЕКЕН СО РАК
ПОСЕТИТЕЛКА НА ДУЌАНИ СО ИЗНАЈМЕНА СТОКА
ФРИЗЕРКАТА ШТО СЕ УДАВИ
РАБОТНИЧКАТА СО ИСТРОШЕНИ КОЛЕНА
МАРАТОНКА
БЕСКУЌНИКОТ ПРЕД ПРОЗОРЕЦОТ НА РЕСТОРАНОТ
ЖЕНАТА ШТО ПРВПАТ ЛЕТА
ПРОСЈАКОТ ШТО НАЛИКУВА НА ЦРН МАЧОР


Препев од хрватски: Ѓоко Здравески

 

СЛЕПА ПАТНИЧКА

Едвај ја дочекав границата,
ама сега, кога возот застана
и ги пушти сините костуми на цариниците, а патниците
ги повлекоа нозете како да се тргаат од вода,
стравот ме потопува

Жена од спроти го гали, го гали,
го смирува зајакот во џемперот,
Индиец над голите кошули
ја објаснува сопствената кожа
Три реда потаму гледам девојче
што косата ја чешла со некој очај,
премазна како перика
Дали сме стварни?

Се слуша влакната потпукнуваат, има струја во воздухот

Нашите очи зјапнати во царинските капи,
тие ги носат
Сама во мракот, влегувам во нешто друго
Сега треба да се собере сета храброст
и со молив да се повлечат две хоризонтални линии,
потоа
да се отворат очите

АвторМартина Видаиќ
ПреводЃоко Здравески
2019-06-14T20:21:58+00:00 мај 30th, 2019|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 125|