Состојбата на aмериканската колективна психа изразена преку филмови и серии со паралелни универзуми

/, Литература, Блесок бр. 122/Состојбата на aмериканската колективна психа изразена преку филмови и серии со паралелни универзуми

Состојбата на aмериканската колективна психа изразена преку филмови и серии со паралелни универзуми

Вовед
Декамуфлирање на симптомите
Науката и паралените унивезуми
Создавање на паралелни универзуми во американското општество
Колку и да се само запознаваме, сè уште сме самозапознаени во истиот универзум
Мелани Клајн
Џојс Бајерс = Мелани Клајн
Заклучок
Референци


Запознаени со теоријата за означувач – означено и боромијанските прстени, можеме да ја објасниме појавата на психоза или како што лаканистите велат „индивидуи со психозна структура”. Во најраните денови од животот на бебето, постои затворен бинарен или двоен свет бебе/мајка, свет којшто си има своја психолошка динамика. Бебето се обидува да најде излез од тој свет, бидејќи зависноста од само еден објект – мајката е премногу трауматична. Улогата на таткото е да навлезе во тој свет и да ја прекине таа двојност, да го воведе бебето во надворешниот свет на културата, јазикот и институците, т.е. да го запознае бебето (и како минува времето – малото дете) со симболичниот свет или Симболичното ниво (правилата на шаховската игра). Тоа таткото го прави преку давање на првиот – примордијален означувач. Тоа значи дека таткото извршува две функции, едната функција е да го даде првиот означувач, а другата функција е да го распарчи двојниот свет мајка/бебе и да овозмoжи нормален развиток на бебето надвор од тој затворен двоен свет. Тој прв означувач, Лакан го нарекува „името на таткото” (The Name of the Father), и на таков начин Лакан го одвојува таткото од означувачот, бидејќи во понатамошниот живот и развиток на детето, „името на таткото“ може да биде секој: мајката, постариот брат или сестрата, учителот или пријателот, секој што ќе му овозможува на детето да се запознава со Симболичното ниво.

„Името на таткото“ ја има најважната функција, да ги држи заедно Симболичното, Имагинарното и Реалното ниво, бидејќи личност која преку својот означувач може да се поврзе со Симболичното ниво (ги знае правилата на „шаховската игра”), може лесно да се користи со Имагинарното ниво за да може да општи или се соочи со Реалното ниво (сите непредвидливи и предвидливи моменти во животот). Во случаите каде што имаме „исклучување” (Лакановиот назив е foreclosure) на „името на таткото“, личноста добива психотична структура. Лаканистите се користат со терминот психотична структура, бидејќи индивидуата може да опстoјува без никакви проблеми сè до моментот кога некоја надворешна или внатрешна (физиолошка) појава не може да се поврзе на Симболичното ниво бидејќи нема „означувач“ за тоа „означено“. Немајќи означувач, субјектот е отсечен од Симболичното ниво и Боромијанските прстени се распаѓаат, или користејќи се со зборовите на Лакан: „материјалот на реалноста се распарчува”. Таквата личност тогаш почнува да покажува симптоми на психоза.

Оваа теорија на Лакан е во огромен дел инспирирана од работата на Мелани Клајн, со која ќе се запознаеме во подоцнежниот дел од текстот.

Науката и паралените унивезуми

Неизбежно се поставува прашањето: зошто имаме наталожување или фројдовски кажано кондензирање на серии и филмови во кои дејството се одвива во или околу паралелни универзуми: Stranger Things, Rick and Morthy, Family Guy, долгометражни цртани како Monsters Inc. или филмови со подлабоко филозофско и метафизичко толкување – Interstellar и Midnight special. Еден од можните одговори, и тоа со голема сигурност за точност, е зголемената популарност на оваа тема благодарејќи на појавата на мега популарни научиници – комуникатори на науката како Нил ДеГрејс Тајсон, Мичио Каку, Бил Најл, Лоренс Краус и други, кои на креативен начин ја разглобуваат темата за да може да биде сфатена од обичните луѓе со мало или речиси никакво познавање на физиката.

Нил ДеГрејс Тасјон во својата книга „Астрофизика за луѓе во брзање“ (Astrophysics for People in Hurry) (Tyson, 2017, p. 20) и Мичио Каку во „Паралелни светови“ (Parallel Worlds) (Kaku, 2004, pp. 146 – 181.) се обидуваат да дадат одговор на едно од најважните прашања во сферата на физиката и филозофијата: Што би се случило ако се појавиме или вметнеме во друг паралелен универзум? Тоа би можело да се случи, на пример, ако сме вшмукани во црна дупка. Одговорот или стравот е дека физичките закони на тој паралелен универзум е можно да се сосема различни, плус да е минус, наместо гравитација да има некоја сосема различна сила или воопшто да ја нема. Нивните убедувања се дека најверојатно не би постоеле, едноставно би се дезинтегрирале на молекуларно, атомско и на ниво на најмали честички.

АвторБорис Тасков
2018-11-30T13:18:05+00:00 ноември 2nd, 2018|Categories: Есеи, Литература, Блесок бр. 122|