Реториката и перспективизмот

/, Блесок бр. 03, Литература/Реториката и перспективизмот

Реториката и перспективизмот

Токму тоа е смислата на прочуениот афоризам дека не постојат факти, туку единствено интерпретации. Како што пишува Б. Магнус, „Ничеовите тропи кои се однесуваат на „вистината“, „заблудата“, „фактите“ и „интерпретациите“ најдобро можат да се разберат доколку се сфатат како реторички средства кои ни помагаат да се соочиме со нашата преконцепција („интуиција“) дека мора да постои нешто како конечна вистина за светот, чие откривање е цел на оваа или онаа дисциплина“. (Магнус, 1983, 100). Магнус додава дека теоријата на познанието не е нешто што кај Ниче го има, туку токму она што тој го пародира. Оваа ситуација на јасен и импресивен начин може да се согледа од следниот пасус од Генеалогија на моралот: „Оттаму, драги мои философи, чувајте се од опасната, стара концептуална фикција дека која претпоставува „чист“, безвременски, лишен од волја и од болка субјект на познанието“; да се вардиме од стапиците на таквите противречни поими како „чист ум“, „апсолутна спиритуалност“, „знаење по себе“; тие секогаш бараат да мислиме за едно око кое е наполно немисливо, око кое не е свртено во ниедна посебна насока, каде недостасуваат активните, интерпретирачки сили, преку кои гледањето станува гледање на нешто; тие од окото секогаш бараат апсурд и нонсенс. Како што вели Ниче во пасусот од клучно значење за неговата тематизација на перспективизмот: „постои единствено гледање во перспектива, знаење во перспектива; и колку повеќе очи, различни очи можеме да употребиме при набљудувањето на едно нешто толку ќе биде поцелосен нашиот „поим“ за тоа нешто, нашата „објективност“ (III, § 12)
Оттаму, можеме подобро да го разбереме поместувањето кое метафората на перспективата го воведува во проценката на знаењето. Ние велиме дека гледањето е во перспектива, дека типот на посебната релација дефиниран од дистанцата и аголот кој постои меѓу окото кое гледа и објектот кој е гледан, го афицира начинот на кој објектот, да речеме, „изгледа“. Но метафората на перспективата укажува и на два други аспекта: со варирањето на елементите на релацијата (дистанцата и аголот) објектот се појавува на различни начини; и една визија без определена перспектива, визија „од никаде“ би била апсурдна, невозможна. (Кларк, 1991, п. 129)
Според тоа, реторичкиот изум се состои во карактеризирањето на знаењето засновано врз компарацијата со она што се случува со визијата: ефектот, согледбата на ефектите, во овој случај ја заменува улогата на фундаментите. Оваа супституција се случува во мигот во кој, при откривањето на реторичката „природа“ на јазикот, ја препознаваме еквивалентноста, дури и клучната идентификација: онаа помеѓу воспоставувањето на перспективата и квалификацијата на фактот. На овој стадиум, се чини, конечно е конфигурирана можноста од перспективизам кој не подразбира нихилизам.

РЕФЕРЕНЦИ:

Carrilho, M. Ma – Rhetoriques de la modernite, Paris P.U.F., 1992.
Clark, M. – Nietzsche on truth and philosophy, Cambridge, Cambridge University Press, 1991.
Danto, A. – Nietzsche as philosopher, New York, Columbia University Press, 1980.
Gilman, S.L., Blair, C., Parent, D.J. (eds.) – F. Nietzsche on Rhetoric and Language, Oxford, Oxford University Press, 1989.
Habermas, J. – The Philosophical Discourse of Modernity, Cambridge, Polity Press, 1987.
Kaufman, W. (Ed.) – The Portable Nietzsche, Penguin Books, 1976.
Magnus, B. – “Nietzsche Today: a view from America”, in International Studies in Philosophy, 15, no. 2 (1983).
Man, P. de – Allegories of Reading, Yale University Press, 1979.
Nietzsche, F. – On the Genealogy of Morals, in Basic Writing of Nietzsche, New York, Random House (Modern Library), 1968

Превод од англиски: Ана Димишковска – Трајаноска

АвторМануел Марија Кариљо
2018-08-21T17:22:15+00:00 јуни 1st, 1998|Categories: Есеи, Блесок бр. 03, Литература|