Новото лице на театарската музеологија

/, Литература, Блесок бр. 57/Новото лице на театарската музеологија

Новото лице на театарската музеологија

Македонската театарска музеологија – новата форма на паметење

Македонија нема театарски музеј. Театарското сеќавање во Македонија е повеќе лично, несистематизирано, неколекционирано. Повеќегодишната работа на Институот за театрологија при Факултетот за драмски уметности е концентрирана кон базично архивирање и елаборирање на повеќето театарски артефакти. Она што е особено важно да се презентира на вакво место е и постоењето на првиот музеј on line. На интернет страницата на институтот може да се види првата дигитална музејска збиркја од областа на театарот. Иако станува збор за едноставна презентација на фотографии во дигитална форма и нивна неограничена предаденост за конзумирање, сепак тоа е првиот чекор кон поставувањето на една репрезентативна музејска збирка. Од само оваа збирка, но и од повеќето галерии за конкретни претстави, исто така достапни на адресата www.mactheatre.edu.mk
Од тука почнува и односот кон условно речено, новиот начин на паметење. Чувањето на театарскиот артефакт во формат различен од примарниот, нема да ја намали неговата оригиналност, туку ќе го продолжи неговиот живот. Архивирањето на театарската меморија во Македонија, се базира на неколку нивоа. Освен личните сеќавања, кои не треба да се занемарат, ама треба квалитетно да се вклучат во колективното архивирање, постои ангажманот на членовите на тимот на Институот за театрологија при Факултетот за драмски уметности – Скопје, во кој се архивира, дигитализира и презентира комплетната театарска меморија. Се разбира дека и секоја театарска институција во Македонија има свој систем на архивирање на артефактите – најчесто визуелни артефакти, кои се чуваат несоодветно и не се уредно селектирани и стандардно архивирани. Секое од овие нивоа на чување на театарското минато, би требало, од театролошка позиција да бидат соединети во еден театарски музеј кој би функционирал на архивирање, презентација и истражување и на дигитални и на материјални артефакти. Ваквото, заедничко спојување на минатото и иднината значи отворање кон повеќето потенцијали за театарската меморија во Македонија.
Се разбира дека ова е само моја лична театролошка опсервација на зададената проблематика и можност истата понатаму повеќе да се истражува.
Сеќавањето или колективната меморија е иницијален мотив за создавање на современ музеј што ќе кореспондира во еднаква мерка меѓу минатото и иднината. Затоа и тематиката – фокусирана во насловот ги спојува навидум неспоивите хронолошки детерминанти. Театарското сеќавање би требало да се одгледува/негува на специфичен начин токму поради неговата поливалентност и разностраност. Новото лице на театарската музеологија би требало да се бара во симбиозата меѓу дигиталниот и материјалниот артефакт, во едукативниот аспект на постановки кои ќе кокетираат со повеќе жанрови, со неограничените можности на глобалната мрежа, со желбата со нашето да ги запознаеме другите.
Како „завршна доза“ неколку лични цртички на истата тема. Некои повеќе лични од научни, некои повеќе женски од општи, некои само како паузата во претставите на еден голем театарски мајстор.

Да се памети театарот значи да се памети знаењето на еден народ.
Да се памети театарот значи да се сонува уметноста на една сцена
Да се памети театарот значи да се архивира животот, искрено, според Шекспир и неговото „Целиот свет е сцена“!!!

Користена литература:

Вилијамс, Рејмонд (1996) Културата, Скопје: Култура.
Вук -Павловиќ, Павао (1993) Творештвото и музејската естетика, Скопје: Мета форум
Craig, Edvard Gordon (1980) O umetnosti kazališta, Zagreb: Centar ya kulturnu delatnost.
Ермитаж Музеј (2006) from http://www.hermitagemuseum.org/html_En/index.html (15 mar. 2007)
Македонски театар (2002) from http://www.mactheatre.edu.mk (2 mar. 2007)
Pavis, Patris (2004) Pojmovnik teatra, Zagreb: Akademija dramske umjetnosti; Centar za dramsku umjetnost; Izdanja Antibarbarus.
Schouvaloft, Alexander (1987) The Theatre Museum, Victoria and Albert Museum, London: Skala Bokks
Theatre Collections Online (—-) from http://www.vam.ac.uk/vastatic/theatre/index.html (28 feb. 2007)
Theatre Museum (—-) from http://en.wikipedia.org/wiki/Theatre_Museum (9 mar. 2007)
The Columbian Theatre, Museum and Art Center (—-) from http://www.columbiantheatre.com /history/default.asp (9 mar. 2007)
The Museum of Jewish Heritage (2003) from http://www.mjhnyc.org/index.htm (15 mar. 2007)
Шукулевић-Марковић, Ксенија (2000) 50 Година Музеја позоришне уметности Србије, Београд: МПУС

2018-08-21T17:21:14+00:00 декември 15th, 2007|Categories: Есеи, Литература, Блесок бр. 57|