Нови стари времиња на Балканот: Во потрага по културен идентитет

/, Литература, Блесок бр. 53/Нови стари времиња на Балканот: Во потрага по културен идентитет

Нови стари времиња на Балканот: Во потрага по културен идентитет

НЕЈАСНА ИДНИНА

#6 Што треба да се стори сега? Што треба да стори театарот во овој страстен дел од светот? Што треба да очекуваме и да искусуваме во текот на наредната деценија на оваа мапа што непрестајно се менува? Да беше Брехт жив денес, можеби ќе речеше дека не можеме да јадеме нови оброци со стари виљушки. Можеби ќе бараше разум во нашите дела, како што прави во својата песна „За мојот сонародник“ напишана по Втората светска војна:

Вие во мртви градови што живеете
И спрема себе еднаш милост покажете.
Не тргајте, кутри луѓе, во војни ко преѓе
Ко од минати војни незадоволни да сте. Ве молам—
еднаш за себе милост покажете.

#7 Или можеби, ќе предложеше нов вид театар за ова време. Театар на вистината кој ќе отвори вистинска интелектуална дискусија околу срамното минато полно неискреност и неморалност во земјите на поранешна Југославија. Ова ќе може да биде и нов вид на Шекспировски театар каде што „драмата е ствар“, и каде што ќе можеме да ги фатиме и прикажеме „кралевите“: злосторниците, криминалците и нивните грди лица. Но, без разлика каков треба да биде новиот театарски модел, најзначајно е тој да биде театар каде што интелектуалците и театарските уметници од овие новоформирани земји ќе им се извинат на жртвите и ќе побараат прошка за злосторствата што ги сторија нивните националистички сонародници во нивно име. Денес е јасно дека на државите од поранешна Југославија им треба театар кој ќе ги излечи раните и ќе изврши помирување; овој театар треба да биде предводен од младата генерација која е на повидок. Брехт, повторно:

Еј мажи вие, фатете лопата, а не нож.
Денес под покрив ќе бевте среќни збрани
да не фатевте нож да ве брани
а под покрив животот поубав е. Ве молам
лопата фатете, а не нож.

Еј деца вие, за уште една војна да не видите
мора на мајка татко гласно да им кажете.
Не ќе живеете пак во урнатини.
Ниту пак ќе живеете страдања нивни.
Вие деца, уште една војна да не видите.

Превод од англиски: Румена Бужаровска

АвторНаум Пановски
2018-08-21T17:21:19+00:00 април 14th, 2007|Categories: Есеи, Литература, Блесок бр. 53|