Мигрирање на уметноста во други простори

/, Литература, Блесок бр. 114-115/Мигрирање на уметноста во други простори

Мигрирање на уметноста во други простори

Мигрирање на уметноста во други простори


Уметникот, излегувајќи од сопствената комформистичка зона во сферата на јавното, денес сѐ повеќе својата ликовна пракса ја насочува кон создавањето со и внатре во колективот/заедницата. Во контекст на социјалната пракса, излегувањето во сферата на јавното не подразбира поставување дела, монументални скулптури на пример во јавен простор кои сами по себе се автономни дела во стилот на модерната, туку дела кои се во комуникација со заедницата/публиката. Мивон Квон (Miwon Kwon) во Јавна уметност и урбани идентитети пишува за јавна уметност која истражува прашања во врска со полот, расата, културниот идентитет и други социолошки теми кои се автентични за самото место. „Само на тој начин уметникот креира дело кое е единствено и неповторливо на друг простор и локација.“ (Kwon, 1997) Уметноста која може да ја наречеме ангажирана мора да е автентична и да произлегува од ситуацијата овде-и-сега. Формата и структурата на уметничкиот чин треба да се во директна врска со времето и местото, односно самиот контекст на изведбата на делото. Како за илустрација ќе ги издвојам серијата на „скулптури“ на Томас Хиршорн (Thomas Hirschhorn): Бијлмер Спиноза Фестивал (2009), 24часа Фуко (2004)., Споменикот Делез (2000) и други, кои се всушност привремени инсталаци на објект (во населба, далеку од музеите и галеритте) кои служат како отворена платформа за уметност, разговори и дискусии со жителите.


Спиноза Фестивал (2009) 1

Од уметност до субверзивни социо-политички акции

Особено радикална во своите акции и уметнички ангажмани е и Нуриа Гуел (Núria Güell) уметница од Барселона, Шпанија која ги користи сите можни медиуми кои ѝ се ставени на располагање за субверзивни социо-политички акции. Таа ги преформулира и поместува границите на ‘легалното’, анализирајќи и детектирајќи ја злоупотребата на позицијата на моќ кои институциите/ системите на власт ја имаат. Нејзините дела ги предизивикуваат етаблираните системи на моќ, притоа, со користење на ‘привигелираната’ позиција на уметник, таа се поигрува со хегемонистичките и наметнати принципи наоѓајќи им слаби страни за нивно заобиколување.

Дел од нејзините активистички заложби се пишување на книга за тоа како да земеш пари од банка, инструкции за тоа како на легален начин азилантите може да добијат виза и регулиран престој во некоја земја итн. Една од порадикалните нејзини операции е најмување на компанија која има за задача да отстрани влезни врати од куќи кои поради хипотека им се одземени на сопствениците и ставени во сопственост на Медитеранската штедна банка (CAM), која преку разни договори со политичарите, корупција и правни манипулации за само неколку години успеала значително да ја зголеми својата вредност преку недвижнини. По отстранување на влезната врата, семејствата кои биле исфрлени можеле повторно да се вратат во сопствените домови, додека банката останала без правен основ за гонење како на компанијата која ги вадела вратите, така и на оштетените семејства.

АвторКристина Божурска
2018-12-13T11:10:24+00:00 август 10th, 2017|Categories: Есеи, Литература, Блесок бр. 114-115|