Макромеметика

Макромеметика

Резиме
1 – Вовед и преглед
2 – Поделената западна философија
3 – Хиерархиската структура на мем-басенот и Поперовиот Свет 3
3.1 – Мем-басените и тоталниот културен апарат на општествата
4 – Културалната еволуционистичка школа во социјалната антропологија
4.1 – Еволуционистичка анализа на цивилизациите
5 – Меметиката и философијата на XX-иот век
5.1 – Мемите и прагматизмот
5.2 – Попер и еволуционистичката епистемологија
5.3 – Сосир и означувачите
5.4 – Фуко и епистемата
6 – Заклучок: Улогата на меметиката
Референци

Пирс /30/ беше еден од првите кои ја отфрлија хегелијанската дијалектика и тврдеше дека свеста се развива на дарвинистички начин, сметајќи дека менталните промени се подложни на случајна и негативна селекција, која ги отстранува оние кои се нефункционални (тихистичка еволуција /tychastic evolution/, со неговата терминологија). Пирсовото гледиште за мислата која се состои од комплексен поредок од атомарни знаци и симболи се доближува до мем-концептот. Следниов опис на еволуцијата на симболите носи доста сличности со Доукинсовата идеја за мутирачките и рекомбинирачките меми:
„Симболите растат. Тие настануваат по пат на развој од други знаци… ние мислиме единствено во знаци… нов симбол може да настане само од други симболи… штом ќе настан,е симболот се шири меѓу симболите. Зборовите какви што се богатство, закон, брак, имаат значења, различни од оние кои ги имале за нашите варварски претци“ (Peirce /31/).
Пирсовите симболи не мора да се лингвистички – неговата теорија остава простор и за музика и други културни изрази. Модерната дисциплина, семиологија, е рожба на Пирсовата мисла. Настрана од неговата заинтересираност за историјата на семиологијата како претходничка на мем концептот, неговата теорија за природата на вистината, позната како прагматизам, нуди модел за начинот на кој мемите може да се развиваат. Неговиот свет на знаци е пофлексибилен, иако помалку среден од рано-Витгенштајновиот логичко-атомистички свет. Основниот опис на мемот или знакот не содржи никаква вистинитосна функција: тоа значи дека мем може да биде и неспорниот факт, како и крајната бесмислица, или пак Витгенштајновиот псевдо-исказ. Ништо на може да укаже на вистинитоста на мемот, сè додека тој не биде испитан во светот. Прагматистичкиот пристап кон „вистината“ преку обиди и грешки нуди потенцијален културален еквивалент на дарвинистичката еволуција во генетиката.

АвторДерек Гедерер
2018-08-21T17:21:48+00:00 август 1st, 2002|Categories: Есеи, Литература, Блесок бр. 27|