Макромеметика

Макромеметика

Резиме
1 – Вовед и преглед
2 – Поделената западна философија
3 – Хиерархиската структура на мем-басенот и Поперовиот Свет 3
3.1 – Мем-басените и тоталниот културен апарат на општествата
4 – Културалната еволуционистичка школа во социјалната антропологија
4.1 – Еволуционистичка анализа на цивилизациите
5 – Меметиката и философијата на XX-иот век
5.1 – Мемите и прагматизмот
5.2 – Попер и еволуционистичката епистемологија
5.3 – Сосир и означувачите
5.4 – Фуко и епистемата
6 – Заклучок: Улогата на меметиката
Референци

Оваа статија ја прикажува разединетата состојба на западната философија и укажува на одредени области во кои, со користење на меметичкиот приод, континенталната и англо-американската школа може да се помират. Прво, се дискутираат сличностите помеѓу Поперовото хиерархиско расчленување на неговиот концепт за Светот 3 и хиерархиската природа на аналогијата ген /мем. Посебно внимание се обрнува на најниското ниво, она на фундаменталните пропозиции или меметички „нуклеотиди“; и на највисокото ниво, она на мем-басените. Учењето за еволуцијата на мем-басенот се споредува со културално-еволуционистичката школа во социјалната антропологија. Понатаму, се откриваат и испитуваат почетните меметички идеи во делата на Пирс (Peirce), Сосир (Saussure), Витгенштајн (Wittgenstein), Тојнби (Toynbee), Фуко (Foucault) и Дерида (Derrida). Принципиелниот заклучок е дека секогаш кога философијата се занимава со информациски ентитети, може да се примени меметички пристап. Како културалната преокупација на континенталната философија, така и логичките и лингвистичките заложби во англо-американската традиција, одново можат да се изразат на меметички начин. Според тоа, меметиката обезбедува можна заедничка основа за реунификација на двете традиции.

АвторДерек Гедерер
2018-08-21T17:21:48+00:00 август 1st, 2002|Categories: Есеи, Литература, Блесок бр. 27|