Макромеметика

Макромеметика

Резиме
1 – Вовед и преглед
2 – Поделената западна философија
3 – Хиерархиската структура на мем-басенот и Поперовиот Свет 3
3.1 – Мем-басените и тоталниот културен апарат на општествата
4 – Културалната еволуционистичка школа во социјалната антропологија
4.1 – Еволуционистичка анализа на цивилизациите
5 – Меметиката и философијата на XX-иот век
5.1 – Мемите и прагматизмот
5.2 – Попер и еволуционистичката епистемологија
5.3 – Сосир и означувачите
5.4 – Фуко и епистемата
6 – Заклучок: Улогата на меметиката
Референци

Токму како што деконструкционизмот и деталната меметичка анализа покажуваат паралелности на пониските нивоа од меметичката хиерахија, исто така сличности може да се најдат и помеѓу макромеметичкиот пристап на културалниот еволуционизам и теоријата за сукцесивните епистеми, или тоталните системи на мислата, опишани во прочуениот структуралистички труд, од 1960г. “Les Mots et les Choses” („Зборови и нешта“) /16/ на Мишел Фуко /Michel Foucault/ (1926 – 1984). Фуко во преден план го става аргументот за гледиштето според кое културната промена е скоковита: таа се случува по пат на промена на епистеми во периоди на културни револуции. Раните културални еволуционисти, разгледани погоре, беа градуелисти во духот на раниот дарвинизам. Меѓутоа, денес очигледно се подвлекува дека рамнотежата може да е црта на биолошката еволуција (Stanley /44/); оттука и макромеметиката, исто така, може да ги допушти револуционерните промени. Како што истакнува Меден Сарап /37/, постојат мноштво сличности помеѓу Фукоовиот поим за „нормативно општество“ и Куновиот, независно развиен, концепт за нормална наука, напати вознемирувана од периоди на научна револуција /22/. Куновите парадигми се слични на Фукоовите епистеми, освен во фактот што се потесно применливи во науката, а не врз културата како целина.
Една од Фукоовите принципиелни заложби беше да отфрли било каква можност за единствена унифицирачка теорија. Во таа смисла тој го отфрла марксизмот. Може да се приговори дека истото би го сторил и со меметиката. Сепак, во одбрана на нашата сè уште во целина неродена дисциплина, мора да се потенцира дека меметиката и не е вистински тотализирачки метанаратив. Таа не е „голема приказна“ како марксизмот, каде што светот се развива кон одредена и неизбежна, крајна точка; на пример во марксизмот крајната точка е постигнување светски комунизам. Дарвинистичката еволуција не поседува никаква „раководителка“ зад себе. Можеби постои насока, но таа е само одговор на еден конзистентен селективен притисок (Gould /18/). Ако селективниот притисок се промени, тогаш и правецот на одговорот може да дивергира, дури и да заземе спротивна насока од претходната. Повременото структуралистичко обвинение дека еволуцијата е „голема приказна“ /метанаратив, според тоа е неоправдано.

АвторДерек Гедерер
2018-08-21T17:21:48+00:00 август 1st, 2002|Categories: Есеи, Литература, Блесок бр. 27|