Ерос/Танатос – Фрида/Славенка

/, Литература, Блесок бр. 118/Ерос/Танатос – Фрида/Славенка

Ерос/Танатос – Фрида/Славенка

Ерос/Танатос – Фрида/Славенка


Уште од мала ја создава и размислува на идејата за смртта, која ќе ја носи постојано со себе, а со тоа, најголемиот причинител за сите несреќи. Во Фројдовска читанка, во делот посветен на хистеријата, се споменува дека телото е мапа за душевните болки, но и дека во коренот на хистеричната болка се наоѓа идејата. Мене не ме боли тоа што го мислам. Јас станувам тоа што го мислам. Моето тело почнува да личи на мојата мисла. Ако мојата мисла е болна, моето тело станува тоа – болка. (Котеска, 2013: 106). Се плаши за својот татко, не сака да го изгуби, мора да го задржи во нешто. Затоа долго не сакаше да се ослободи од нефункционалата нога. Сè додека не ѝ најде замена – протеза за ногата. Најде друга замена – Диего наместо татко ѝ. Катализатор во замените беа црвените чизми од телешка кожа, речиси идентични како тие што ѝ ги подари татко ѝ ко мала. Гиљермо не ја оставаше никогаш сама, затоа постојано го сакаше Диего до себе.

Почетната идеја да слика е од причини што било потребно да заработува, а само тоа знаела да го работи (од татко ѝ). Подоцна може да се поврзе со потребата и желбата да се идентификува со Диего, па затоа и таа ќе почне и многу љубовни авантури. Фројд ја воведува идејата за Другиот како суштинска за одредување на идентитет на субјектот. Субјектот е свесен дека е зависен од другиот, па дури идејата за моралот е развиена заради таа зависност… коренот на секоја идентификација е сексуален, а чудовишноста на оваа операција освен симболична има и реална вредност. Кога почнам да го окупирам транзиторното место кон тебе, јас полека го заземам и твојот сензорен апарат и почнувам да гледам што гледаш Ти, и почнувам живот што го живееш Ти, и почнувам да поскаувам што посакауваш Ти…(Котеска, 2013: 607) Познато е дека Фрида се приклучува на комунзмот и неговото движење поради Диего, кој важел за голем почитувач на таа идеологија. Потоа, кога го исфрлија Диего, го напушти и таа комунизмот. Кога Наталија, жената на Троцки, ги фати заедно со Троцки, таа не чувствуваше грижа на совеста ѝ одговори дека тоа е само секс, тоа истото што ѝ го велеше Диего порано, кога таа го наоѓаше со други жени.

При анализа на ликот на Фрида, треба да се спомне нејзината себичност, кога станувало збор за љубов и внимание. Уште од дете се докажува пред својот татко за да ја добие неговата наклонетост и љубов, за разлика од нејзините сестри. Подоцна ќе ја побара и жртвата од својата сестра (уште пред да ја изневерат со Диего), да се грижи и постојано да бдее над неа. Во текот на целиот роман, таа се труди сето внимание и љубов да бидат насочени кон неа. Не се однесувала супериорно само во однос на Диего, туку и во однос на другите кои ќе се најделе во нејизната околина, како најголема жртва нејзината сестра. А тоа сепак беа чувства, нејзе и така никогаш не ѝ беа доволни ни чувство, ни внимание – од кој било, никогаш. Истовремено замислуваше дека таа е онаа која дава. Каква заблуда на личноста која непрестајно врескаше, со облека, сликите, лицето за да го сврти вниманието на себе, себе, себе (Дракулиќ, 2004: 103).

АвторДијана Петрова
ПреводЕлизабета Баковска
2018-09-25T09:53:13+00:00 март 27th, 2018|Categories: Есеи, Литература, Блесок бр. 118|