Ерос/Танатос – Фрида/Славенка

/, Литература, Блесок бр. 118/Ерос/Танатос – Фрида/Славенка

Ерос/Танатос – Фрида/Славенка

Ерос/Танатос – Фрида/Славенка


Присутна е во феменистичките организации, како женски лик кој учествува во историјата на жените. Но, ретко кога се спомнува дека причината за сите други атрибути на Фрида е искористувањето на болката. Исто така, никаде не е спомнато што и како, таа болка од физичка ѝ ја направи толку голема, душевна болка. Хиперболизацијата на болката на Фрида од самата себе, латантно бара да се проучи што е тоа што ја направи толку голема и силна. Фрида е жената која не само што описно и сликовито ја прикажува болката и без срам зборува за неа, туку покажува дека секоја жена е способна да се соочи со неа. Можеби за тоа беше пратена. Не да биде позната сликарка, туку благодарение на сликарството, да ја покаже и доближи големината на премережјето низ кое поминувала. Да остави пример дека секоја жена е способна да издржи каква било болка, ако има некоја цел. Дека издражливоста е атрибут својствен за жените и не постои таков бол, што таа не би можела да го издржи и претвори во љубов. Затоа, уште како дете, па сè до возрасна жена, ги проба сите вкусови на болка и секогаш искрено и без „влакна на јазикот“ зборува за својата болка. И кога ги доживеа сите стадиуми и видови на болка, оставајќи пример да ја следат во издржливоста и упорноста, своеволно замина. Се исплаши од рамнодушноста со која луѓето почнаа да ја гледаат, а нема ништо посурово од рамнодушноста кон една жена. Замина со желба за никогаш повторно да не се врати, но откако историјата почна да го занемарува најважното за кое таа постоеше, во стилот на упорноста на Фрида – се врати. Но, овојпат во форма на роман, напишан од лик сличен (или можеби идентичен) на неа. За да потсети на моќта на издржливоста и убавината на една жена. Или, се врати за да покаже, што е тоа што навистина ја предизвика таа болка, за никоја веќе да не го повтори.

Помеѓу Лилит и Ева
Лилит и Ева, претставуваат архетип на болката. Болката започна од нив – на едната како казна за непокорноста; на другата како казна за досетливоста. Болката почна од жена и сè уште, болката се раѓа од жена, бидејќи таа донесува живот, а болката доаѓа од животот и во него. Фрида не можеше да избере во чија сенка да застане, дали на непокорната или на досетливата, затоа, тоа двојство во нејзиниот лик е присутно. Синоними на болката претставуваат имињата на првите жени и Фрида помеѓу нив.

Лилит е митски лик чие постоење не се спомнува во библијата. Јудеизмот е прва религија која спомнува дека постоела како прва жена на Адам, пред да биде создадена Ева. Приказната за Лилит е кога Бог го создал Адам, тој гледајќи ги сите животни кои биле во пар, се чувствувал осамено и побарал од Бог, да создаде уште едно суштество слично на него. Господ ја создал Лилит, исто од кал, и ѝ вдахнал душа, како што го создал и Адам. Поради постојано сексуалната жед, непослушност и непокорност, Адам се пожалил на Создадателот. Лилит и нему му откажала послушност и затоа е избркана од рајот. Проколната е да си ги јаде сопствените (демонски) деца.Лилит се појавува и во првите зачувани записи, како епот за Гилгамеш. Исто така, во Месопотамија е пронајдена статуетка1F на жена, која има пренаглесена стеатопигија2F, крилја и издолжени стапала и се смета дека ја претставува Лилит.

Од друга страна, приказната за Ева е доста присутна во религијата, посебно делот со нејзината покорност. Таа е покорна и послушна жена; грижлива мајка и се смета за урнек, за тоа која треба да биде улогата на жената во семејството. Сепак, ако се гледа подлабоко во приказната, за Ева би важела изреката тивка река брег рони, бидејќи со својата покорност и послушност таа го убеди Адам да проба од забранетото јаболко. Тоа што претходно не ѝ успеа на непослушната Лилит и за кое беше проколната.

Денес на релацијата Лилит – Ева, се гледа како две лица на една паричка. Односно, Лилит е тоа потсвесното и скриеното на секоја жена, тоа по кое (не)свесно копнее, а Ева е нивната свест (урнек) на однесување. Таа паричка меѓу свесното и потсвесното, односно Лилит и Ева, во романот е Фрида.

АвторДијана Петрова
ПреводЕлизабета Баковска
2018-09-25T09:53:13+00:00 март 27th, 2018|Categories: Есеи, Литература, Блесок бр. 118|