Време е за рима: Навраќање кон нашата љубов за поезијата

/, Литература, Блесок бр. 113/Време е за рима: Навраќање кон нашата љубов за поезијата

Време е за рима: Навраќање кон нашата љубов за поезијата

Време е за рима: Навраќање кон нашата љубов за поезијата


Oд првите два стиха се забележува дека краевите „baby” и „may be” се римуваат, а тука е и игривoто пискаво повторување во „susceptible” (каде гласот „sc” звучи како „s”) и „lies”. Дури и последните два стиха се римуваат со зборовите „training” и „gaining.” Повторувањето на зборот „backwards” на крајот, па на почетокот од наредниот стих служи за нагласување и дозволува употреба на ист збор во два различни контекста со различно значење. Но, и покрај римата и игривоста на песната, таа содржи и мрачни елементи кои јасно ја прават дело за возрасни. Бебето најпосле ќе подлежи на лагите и неискреноста во светов, како што е фактот дека Дедо Мраз не постои, па така еден ден маската на митот ќе падне. Ова е тешката вистина со која се соочил секој кој пораснал. Во Вокеровата песна, иронијата која се генерира преку употребата на рима и лесен стих кои се спротивни на содржината, остава уште поголем впечаток. И за крај, ова е разбирлива поезија која повторно нè соединува со радоста во начинот на кој зборовите се поврзуваат и како тие звучат.
#b
1. Во оригиналот, на англиски се римуваат зборовите „Sam”, „ham” и „am” (односно гласот „am”). Направени се отстапки во преводот за да се пренесе римата, па така римуваните зборови се заменети со „Наум“, „локум“ и „сум“ (односно гласот „ум“). Оригиналното име на книгата е Green Eggs and Ham. (Заб. На прев.)
2. Лесна поезија (или лесен стих) е комична поезија која се карактеризира со кратки песни на (не)сериозна тема. Често изобилува со игра на зборови, смели рими и многу алитерација. (Заб. На прев.)
3. Линкот води до песна во рима која е образложена во последниот пасус. Песната на македонски би звучела вака: Ти си едно бебе/ завиткано во ќебе/ секој ќе те лаже/ што и да ти каже./ Тешкото е лесно/ Лево е десно,/ Дедо мраз стои/ ама не постои./ Топлината е мраз/ Мразовите изгорени/ Зборовите на бебето/ Не се изговорени./ Ти си само тато/ Весел си и тажен/ Јас сум како тебе/ Многу сум си важен. Преводот на песната е на Калина Малеска. (Заб. На прев.)

АвторСоња Сринивасан
2019-05-14T10:18:36+00:00 јуни 12th, 2017|Categories: Есеи, Литература, Блесок бр. 113|