KILLER JOE ВО Бања Лука

/, Звук, Блесок бр. 112/KILLER JOE ВО Бања Лука

KILLER JOE ВО Бања Лука

KILLER JOE ВО Бања Лука

Превод на македонски: Елизабета Баковска

MEAN JOE
Некаде читав (или некој ми кажал) дека риф се песни кои убиствено добрите џезери ги викаат killer joe. Особеко кога за првпат ќе ги слушнат. Ако некој музичар влета со риф кој штотуку го смислил и од кој сите накусо ќе занемат, а потоа полека, еден по еден, ќе се вклучуваат со своите инструменти, има голема шанса дека некој воодушевено ќе каже: „Брату, ова е killer joe!“. И така се создава класика.
Не се сеќавам каде го слушнав ова. Толку не се сеќавам што можеби и сум го измислил. А мозокот не би ми бил она што е ако песната не ме однесе до истоимената театарска претстава, која подоцна ќе стане филм во кој Killer Joe не е никој друг, туку Метју Мекконехи, со глава, со брада, и со револвер. Тоа беше пред True Detective дефинитивно да потврди дека во иднина веќе нема да има зафрканции со одбирањето улоги.
Овој Џо е поинаков од оној кого го оформив слушајќи ја песната на Jazztet. Но има заеднична есенција од видот: не се заебавај со мене и можеби сè ќе помине ОК.
KILLER JOE

Jazztet! Колу добро има за бенд. Совршено име за што и да е. Ја замислувам ситуацијата: зачадена просторија, не е мала, ама не е ни голема. Иструментите се наместени и прикачени. Влезот е од другата страна на истата зграда во која се наоѓа бар со најдобра музика и со растанцувана екипа. Во таа просторија неуморно вежбаат трубачот Арт Фармер и саксофонистот Бени Голсон со пријателите. Токму тука за смислуваат песната која ќе ја наречат Killer Joe.
Вистината е малку поинаква. Бени Голсон песната ја компонирал во својот стан, во кој живеел 1959 година, на Менхетен, а сосед му бил Квинси Џонс кој често навраќал за од фрижидерот да му украде алкохол во кој било вид. Тие сцени ги замислувам како кога Крамер му упаѓа на Сајнфилд.
Композицијата Killer Joe која ја знаеме е дури нејзината трета верзија. Првите две Бени во целост ги уништил. Ги искинал, ги парчосал, ги избришал. Да ја слушал жена си, би ја унишптил и третата. А можеби и не. Можеби таа го убедила третата да ја задржи и да ја усоврши. И Квинси Џонс песната ја снимил на својот албум Walking in Space, десетина години подоцна. Ѝ се враќал и во некои подоцнежни албуми.
САКСОФОНИ И КЛАРИНЕТИ

Врати му се на сеќавањето, таму каде што има ветер и дождови во пристаништето, разговори и долги прошетки – како да е пролет, како мразот да не шиба по лицето преку големата јака на краткото палто – сè до спасоносното спуштање во влажните бутици на подрумската понуда на сè: од молитвите на Свети Павле и неговото засолниште до пронаожање на соништа во прашината, темнината и пелинот на чекањето. Врати се на почетокот на приказната пред да го ислушаме нејзиниот крај. Да пронајдеме некои нејзини актери на Балканот, далеку од западен Далас во Тексас.
На крајот на оние исти педесетти, Пол Вудс свирел во оркестарот на Квинси Џонс и имаа турнеја низа Европа, ама немале пари за враќање во Америка, па менаџерот непланирано ги однел и во Југославија. Вудс особено го инспирирал еден титов град. Нему му напишал една нумера која ќе го прослави Квинс со оркестарот во Њупорт, шеесет и првата. Наводно концертот го одржале во хотел Босна на свеќи, оти снемало струја.
Залудно разиграноста на Париз и декаденцијата на Хамбург и Виена која по секоја цена сака да остане питома, ама забавата многу лесно ја наоѓаат оние кои ја сакаат. Залудно сето тоа, песна доби Бања Лука.
ОПАСЕН ЧОВЕК

Ќе ти раскажам една приказна, едноставна, како кога се снима плоча, рече – а ти дај сè од себе и обиди се да замислиш. Беше тоа некаде на самиот крај на педесеттите. Њујорк беше добар и груб тие денови. Ме викнаа бидејќи не знаеја што да прават со тие два лика кои лепеа плакати по маалото. На плакатите пишуваше ‘Has Anyone Seen Killer Joe?’ и не можеа да одлучат дали ситуацијата е озбилна.
Не беше озбилно. Ако на нештата гледаме чисто џезерски. Момците имаа намера со мистерија да ги промовираат своите идни концерти и се викаа Арт Фармер и Бени Голсон. А јас всушност не сакав да бидам детектив. Поет, тоа ми беше сонот. Сакав џез, сета таа рокенрол лудница некако ме заобиколи. Ме однесоа до просторијата во која имаа проби. Читав песни додека тие свиреа, подоцна пиевме во блискиот клуб. Сега знам, тоа беше најдобрата ноќ во мојот живот.
Детаљот со плакатите ме потсети на графити акциите на белградските Момчиња, подоцна Идоли, таму на самиот крај на седумдесеттите. Ништо не му реков. Не ми беше тешко да замислам. Напротив, уживав.
Слушнав и неверојатни приказни раскажани со многу неуверливи гласови. Некои и самиот ги смислив. И верував во секоја една. Ова е една од подобрите.
Ме враќа низ тунелот под морето, до изворот, ме тера да ги бројам чекорите од себе до маалото на Црвените светла, во самото срце на земјата на морнарите, имаше обичај таму неуморно да одиш. Замисли се над своите денови, купувајќи карта за враќање. Секој твој здив се повторува. Еден момент е една илузија.
Quincy Jones – Jook Joint Intro

2018-08-21T17:20:36+00:00 март 22nd, 2017|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 112|