DEVASTATIONS: Сите еднаш бевме воини!

/, Звук, Блесок бр. 101-102/DEVASTATIONS: Сите еднаш бевме воини!

DEVASTATIONS: Сите еднаш бевме воини!

Берлин
ONCE THEY WERE WARRIORS
Грешки
Мајстори на тишината

Од првото слушање Devastations ми звучеа некако премногу добро за да можат да потраат. Би сакал да згрешев кога го почувствував тоа. Би сакал да не ме потсетеа на животот. Иако и ден денеска се надевам дека ќе ме изненадат. Како да не знам дека некои работи едноставно ги прераснуваме, залудно сѐ друго кога недостига она што се потрошило, она срце на мигот, страста која се случува и трае. Додека не исчезне. И тоа е тоа. Кога ќе изгори до крај, одиш понатаму. Ако си доволно храбар, понекогаш се свртуваш.
Од грешките https://youtu.be/AJc4U8LQ8Tw не се учи. Тие се дел од нашите животи. Исто како што тоа се и вистинските потези. И ние сме какви што сме. Она што ни е грешка во еден миг, во некој друг не е. Тенка е линијата на непостоењето и нашите постапки еволуираат исто како и ние самите. А некои грешки се посочни од безброј вистински потези. Особено ако животот го гледаме низ мигови. И страст. Ако успееме на љубовта да ѝ го одземеме стремежот кон вечноста. Оти љубовта би сакала да трае. Таква е самата по себе. Тоа ја прави онаква каква што е.
Devastation на сцената изгледаа како три млади Кејв-ови. Беа сировина во комбинација со нежното, поети на рокенролот со сите свои маани. Така некако, само подобро, ги опиша уште еден херој на Австралија, Роланд С. Хауард. Со него имаа чест да настапуваат, ама и снимија две песни: Autoluminescent https://youtu.be/ApqO5Y33yQE и Ocean https://youtu.be/mJh6L9Z9iRI, инаку песна која оригинално се наоѓаше на последното место на страната Б на првиот албум на Лу Рид. Последната на страната А е, каква симболика, Берлин.

Sex and Mayhem:

2018-08-21T17:20:40+00:00 ноември 12th, 2015|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 101-102|