Препорачани албуми

/, Звук, Блесок бр. 23/Препорачани албуми

Препорачани албуми


Руди Рота – Битлси во блузот Азура Мјузик
Џон Кеј – Еретици и приватници Кроскат Рекордс
Мајк Харисон со Хамбург Блуз Бенд – Допир
Лешек Чихонски – Благодарам Џими
Јенк Речел – Blues Mandolin Man
Френд и Фелоу – Такси Руф рекордс
Велветон – Темен цвет Кроскат Рекордс

#7 Што имаме овде? Неверојатен и невообичаен материјал! Никогаш не сум слушал европски бенд, особено германски, кој со таква леснотија и уверливост може да исполнува материјал кој му припаѓа на американското музичко наследство и притоа да посрами поголем број слични состави од тамошната сцена! Овие момци навистина „жарат“ и можам само да замислам како изгледа нивна жива свирка! Можеби списанието „Ролинг Стоун“ даде најдобар опис на музиката на „Велветон“: „Тие се како гаражна верзија на Роберт Гордон и Линк Вреј!“ Нивната музика е како извор на врела, лековита вода која ги содржи најбитните елементи познати во рок литературата како „рок на корените“. „Велветон“ прават совршен микс на рокабили од педесетите години, сурф музиката на шеесетите, звукот на Дјуен Еди, Текс-Мекс полки, кантри рок и потемно нијансирани балади во музичка каша на која не можете да ѝ одолеете! Тоа едноставно звучи како да е снимено пред години во некое од оние мрачни студија на американскиот југ, а не во Бремен пред кусо време! Дискот бележи и придонес на неколку познати гости вклучувајќи ја и легендарната рокенрол дама Ванда Џексон, со што нивото на дискот, односно музичката содржина, се издигнуваат на уште повисоко ниво. Многу оригинален материјал направен во духот на музиката што ја исполнуваат, како и неколку „класици“ од типот на „Бесконечен сон“ на Џоди Рејнолдс, „Оџак на љубовта“ на Чарли Меккој и „Нејзината љубов згасна“ од Карл Перкинс го прават овој диск неизбежна лектира! Ларс, Енди, Тамо и Рај прават луда музика – на нивниот „Темен цвет“ нема да можете да му одолеете. Проверете и уверете се!

www.crosscut.de

2018-08-21T17:21:53+00:00 ноември 1st, 2001|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 23|