Препорачани албуми

/, Звук, Блесок бр. 23/Препорачани албуми

Препорачани албуми


Руди Рота – Битлси во блузот Азура Мјузик
Џон Кеј – Еретици и приватници Кроскат Рекордс
Мајк Харисон со Хамбург Блуз Бенд – Допир
Лешек Чихонски – Благодарам Џими
Јенк Речел – Blues Mandolin Man
Френд и Фелоу – Такси Руф рекордс
Велветон – Темен цвет Кроскат Рекордс

#2 Добрите познавачи на блузот и рокот секако го паметат составот „Степенволф“ кој остави завиден музички легат во историјата на рокенролот. Успехот на составот се должеше пред сè на неговиот харизматичен лидер и креатор на сиот музички материјал – Џон Кеј. По распадот на „Степенволф“, Џон Кеј се обидуваше, со различен успех, да создаде самостојна кариера, но со доста големи временски периоди помеѓу снимките. Благодарение на германската фирма „Кроскат Рекордс“, европските љубители на музиката имаат ретко задоволство да се запознаат со најновиот музички материјал на Кеј со кој тој им се враќа на своите музички корени, блузот и фолкот, односно времето пред „Степенволф“. Се работи за едно интимно доживување на светот искажано преку (најчесто) акустичен инструментариум, длабоко врежан особено во корените на блузот кој Џон Кеј го презентира со исклучителен филинг. Секоја композиција е приказна за себе, искажана со манир на патувач низ времето и лирски и тематски одбележана со прекрасна интерпретација на Џон Кеј; веројатно негови најдобри вокални изведби воопшто! Со личното искуство на набљудувач на светот, преку широка палета на емоции, Џон Кеј направи вонвременска снимка, а со музичари како Мајк Хендерсон, Стив Кропер, Мајк Атли, Џими Хол и други, не можеш да згрешиш ниту случајно! Ова е еден од моите Топ 10 дискови за 2001. Слушнете го и јавете ми дали се сложувате со мене!

www.rufrecords.de

2018-08-21T17:21:53+00:00 ноември 1st, 2001|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 23|