Пет Метини: зборува за сегашноста

/, Звук, Блесок бр. 38/Пет Метини: зборува за сегашноста

Пет Метини: зборува за сегашноста

#1 Изминаа неколку години откако беа објавени концептуалните албуми “Imaginary Day” и “Quartet”. За време на тој период многу работи ѝ се случија на групата која во последниве 25 години е позната како The Pat Metheny Group. После една долга светска турнеја и објавувањето на еден концертен и еден студиски албум, заедно со неверојатната ритам секција која ја сочинуваат Лари Гренадиер и Бил Стјуарт, Метини одлучи дека е време повторно да напише и сними нов материјал со бендот со кој потоа ќе замине на турнеја. Иако од старата постава останаа само Лајл Мејс и басистот Стив Родби, за првпат после 15 години, еден матичен член го напушта бендот за да се посвети на соло кариера. Пол Вертико, необичен тапанар и човек кој ја одржуваше рамнотежата во бендот, стана дел од интегралниот дел од звукот на бендот и зад себе остави голем простор кој требаше да се пополни.
Меѓутоа, кога Пет првпат го чул тапанарот Антонио Санчез додека настапувал со Данило Перез Трио, бил импресиониран од флуентноста на музичкиот јазик кој тие го споделуваат. Исто така, во тој период беше достапен и перкусионистот и бас феноменот Ричард Бона, како и трубачот/вокалистот Куонг Ву. Иако значително помлади од останатите членови, а и самите потекнуваат од различни култури и континенти, сите тројца созреаја со заеднички афинитет кон звукот на групата.
За Метини, ова е едно долго и впечатливо патешествие. Меѓу највпечатливите случувања кои се дел од неговата биографија спаѓа и титулата најмладиот професор кој предавал на престижните Беркли и Универзитетот на Мајами (на 19 годишна возраст), објавувањето на класиците “Bright Size Life” (заедно со Џеко Пасториус и Боб Мозес), “Question and Answer” (Дејв Холанд и Рој Хејнс) и “Rejoicing” (со Чарли Хејдн и Били Хигинс), и повторното редефинирање на можностите на едно трио и улогата на гитарата во импровизираната музика. Ова значеше спојување на некогаш дистанцираните елементи на рок, фолк, бразилски, експериментални, камерни, нео-класични и госпел влијанија, како и филтрирање на сето тоа преку контекстот на уникатен џез сензибилитет. Исто така, тоа значеше и внимателен избор на музичарите исто колку и оркестрацииите и инструментите, за да се овозможи да покажат што знаат.
#2 Во потрага по специфични мелодии и текстури Метини учествува во изработката на најразлични инструменти: 42 жичана Pikasso гитара, ситар гитара, а воедно користеше и Synclavier и Roland синтисајзер гитара. После 13 години работа, новата “The Pat Metheny Songbook”, која содржи 167 оригинални композиции, сега се наоѓа во продажба.
Во меѓувреме, Метини е добитник на 14 Греми награди, компонираше музика за неколку филмови (“A Map of the World” и “Falcon and the Snowman”) и настапуваше со поголемиот дел од креативниот пантеон на музичката индустрија. Меѓу нив се: Дејвид Боуви, Мајк Брекер, Гари Бартон, Орнет Колман, Џек Деџонет, Доналд Фаган, Бил Фрисел, Чарли Хејдн, Херби Хенкок, Рој Хејнс, Били Хигинс, Дејв Холанд, Џони Мичел, Џошуа Редман, Сони Ролинс и Џон Скофилд.
И што е следно? “Speaking of Now” најверојатно најдобро го сумира и доловува духот на можностите на Pat Metheny Group: без компромиси, искрено и звучно да коментираат еден момент – каде се наоѓаат во моментот.

АвторМајк Бренон
2018-08-21T17:21:36+00:00 септември 1st, 2004|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 38|