Кет Пауер: Блузот на Чен Маршал

/, Звук, Блесок бр. 103-104/Кет Пауер: Блузот на Чен Маршал

Кет Пауер: Блузот на Чен Маршал

Успори ги сликите
Додај бои
Заборави ги клучевите
Вклучи го радиото

Превод од босански: Елизабета Баковска

Пак го гледав оној филм за да се сетам на тебе. За да можам пак да пишувам. Секогаш кога ќе го завршам она што го пишувам ми се чини дека е последно, дека пак нема да знам. За да можам да пишувам за Чен, морав да се сетам на тебе.

Веројатно е така затоа што во Чен се заљубив додека те сакав. Таа тогаш веќе го беше сменила името во Кет Пауер и зад себе имаше покорени американски градови, лудило, смрт, патишта, врска со Калахан, а тоа и тоа како вредеше да се преживее. Ни сега не сум сигурен кој од нив можел да биде полуд тие денови, ниту чија музика ми е помила.

И пак научив дека не можеш да се простиш од оние кои нешто ти значат во животот. Ама можеш да си одиш. Да се свртиш и да си одиш. Како што сите ние сме морале тоа барем еднаш да го сториме во животот. Како што нам ни било сторено.

Во моментот човек не е свесен дека нема избор и болката е неподнослива, токму колку што е бескрајна и илузијата на соништата на дваесетгодишникот. И сите кои сакавме заради нешто да бидеме славни. Нашите величини би сакале да бидат немерливи, а соништата цврсто стегнати во дланките, за никаде да не побегнат.

https://youtu.be/7X8eIRv3uew

2018-08-21T17:20:39+00:00 декември 21st, 2015|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 103-104|