Интервју со Џони Винтер

/, Звук, Блесок бр. 32/Интервју со Џони Винтер

Интервју со Џони Винтер

#1 ВИ: Се сеќаваш ли на твоите музички почетоци и како се случи тоа?
ЏВ:
Почнав да свирам укулеле првите две години, од девет до единаесет години, потоа ја добив првата гитара и бев инспириран од блузот што го слушав на радио. Тоа беше предизвик и почнав да вежбам сам. Кога станав доволно возрасен, почнав да одам во клубовите да ја слушам таа музика. Тогаш имав петнаесет години.

ВИ:
Имаше ли некаква музичка традиција кај вас дома?
ЏВ:
Татко ми свиреше бенџо, саксофон, и пееше. Мајка ми свиреше пијано, така што секогаш имавме музика во домот.

ВИ:
Покрај Едгар, дали имаш уште браќа и сестри и ако е така, дали само ти и тој се занимававте со музика?
ЏВ:
Немам други браќа и сестри, само Едгар и јас сме.

ВИ:
Кога ти стана јасно дека музиката ќе биде твојата животна определба?
ЏВ:
Секогаш сакав да свирам музика и таа да биде моја кариера, а тоа го знаев кога имав дванаесет години.

ВИ:
Колку што знам, твоите први снимки се повеќе во рок манир отколку блуз, точно?
ЏВ:
Да, точно е тоа.

ВИ:
Ти успеа да ги доближиш до публиката старите блуз мајстори свирејќи ја нивната музика, дали беше свесен за тоа тогаш?
ЏВ:
Тоа беше моја намера и бев свесен за она што се случува.

ВИ:
Дали ја паметиш твојата прва група?
ЏВ:
Да, тоа беше групата Џони Енд Д Џејмерс во 1959.

ВИ:
Кои беа твои први музички влијанија во музиката?
ЏВ:
Ги имаше многу, ја купував секоја блуз плоча што можев да ја начекам. Мои вокални влијанија беа Реј Чарлс и Боби Блу Бленд.

ВИ:
Кој влијаеше врз твојот гитариски стил и зошто?
ЏВ:
Тибоун Вокер се издвојуваше од другите и ме повлече.

ВИ:
Според тебе, какви е состојбата на блуз сцената и што може да се очекува во иднина?
ЏВ:
Мислам дека блузот секогаш ќе постои, потребно е само човекот другите да ги увери во постоењето на блузот.

ВИ:
Ти настапуваше низ целиот свет; како љубителите на блузот во различни делови од планетата реагираат на твоја музика?
ЏВ:
Ми се чини дека на сите им се допаѓа.

#2 ВИ: Имаше прилика да работиш со многу познати блузери, можеш ли да посочиш некое интересно искуство?
ЏВ:
Работата со Мади Вотерс навистина ме истошти, но тоа отсекогаш сакав да го направам. Тоа е мое лично достигнување на кое сум многу горд.

ВИ:
Какви се идните планови, нови снимки наскоро?
ЏВ:
Наскоро имам нов албум за Вирџин Рекордс, а планирам да продолжам со концерти.

ВИ:
Твоите фанови во Македонија би сакале да те видат на нашиот блуз фестивал, дали би сакал да дојдеш и да настапиш?
ЏВ:
Секако, верувам дека тоа ќе се случи еден ден.

ВИ:
Конечно, за крај, некоја порака до нашите блуз фанови?
ЏВ:
Уживајте во блузот, слушајте мои плочи и одржувајте го блузот во живот!

звучен запис

2018-08-21T17:21:42+00:00 јуни 1st, 2003|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 32|