Интервју со Хајди Елзесер, Ансамбл Artwork, Германија

/, Звук, Блесок бр. 60/Интервју со Хајди Елзесер, Ансамбл Artwork, Германија

Интервју со Хајди Елзесер, Ансамбл Artwork, Германија

#2 Д.П. На кој начин ја гледате улогата (наменетата и вистинската) на новата музика во модерниот свет?
Х.Е.
Не е лесно да се даде одговор на ова прашање. Сметам дека е тешко да се дефинира терминот „нова музика“ и „модерен свет“. Или, кога точно светот стана модерен – дали во времето на парните машини, Втората светска војна или со појавата на интернет? Дали новата музика е нешто што се изведува во добра сала со музичари кои формираат мала група наречена камерен оркестар? Нели е новата музика исто така поп-музиката и џезот? Исто така техно, реге, трипхоп, ритам и блуз музиката? Сигурно дека?! Она што ние го подразбираме под „нова музика“ во ова интервју е онаа музика која припаѓа на мали кругови на луѓе во општествата. Таа била рефлексија на условите кои постоеле во периодот кога е создавана. И како таква, имала влијание. Колку силно било тоа влијание секогаш е дискутабилно. Музиката секогаш имала универзална улога, без разлика колку биле различни музичките експресии во тој историски период. Тоа не се променило и нема да се промени.

Д.П. Како гледате на музиката денес? Можеме ли да зборуваме за креативна криза?
Х.Е.
Често се зборува за креативна криза, но човекот и во најтешките историски периоди не престанал да креира. Сметам дека живееме во период на екстремна потрага за нови начини на експресија и креација на различни музички правци. Толку многу се случува, нови експерименти, фузии на различни музички стилови, уметнички правци, начини на експресија. Тоа лежи во најдлабоката природа на човекот – да креира. Овој процес нема да запре. Само времето ќе покаже кои се точките на пресврт.

Д.П. Дали го сметате за точен фактот дека луѓето мора да се образуваат за современата музика, пред да започнат вистински да ја ценат?
Х.Е.
Да, тоа е точно. Современата музика била елитна музика во секое време. И во времето на Шуман, Брамс итн. Она што е ново не е секогаш пристапно и лесно да се разбере. Секој треба да се обиде да го приближи кон останатите, ако е потребно.

Д.П. Дали постојат различни движења меѓу денешните Германски композитори, и дали може да зборуваме за хомогеност во нивните композиции?
Х.Е.
Не сум сигурна дека можеме да зборуваме за креативна хомогеност меѓу германските композитори, бидејќи тие творат во екстремно индивидуално општество. Тоа значи дека секој од нив претставува свет за себе, секој е толку индивидуален, така што можеме да кажеме дека постојат онолку музички стилови, колку што има композитори. Тоа не се однесува само за Германија денес, но сепак во Германија е многу силно во однос на начинот на кој државата е организирана (како последица на тоталитаристичкиот систем во Германија за време на Втората светска војна). Постојат многу фондации кои го стимулираат и промовираат слободното изразување и креативноста, и ова е поддржано од сите релевантни културни институции (театри, академии, радио презентации), во таква форма и со интензитет каков што нема во ниедна друга земја. Ова води кон растеж на голема уметност.
Покрај ова, сепак се распознаваат одредени тенденции. Најголемото влијание доаѓа повторно како последица на поделбата и ре-обединувањето на германската држава. Прво, можеме да определиме влијание од една страна од Источна и од друга страна од Западна Германија. Можеме да кажеме дека пристапот кон музиката од Источна Германија е не до толку интелектуална или базирана на филозофска основа, како Западната германска музика. Догмите на социјалниот реализам имале помало влијание отколку визуелните уметности во Западна Германија. Од оваа страна доаѓаат композитори како Зехлин, Матхус, Кацер, Цимерман, кои во времето на Варшавскиот пакт живееле во свет за нив самите и развиле специфичен музички јазик којшто може да се спореди со јазикот на Neuen Leipziger Schule во визуелните уметности.
Од друга страна, во 50-те и 60-те години на 20 век, во западниот дел се случувало многу во модерниот свет, постоеле многу уметнички школи кои останале до ден денес. Туку припаѓаат композиторите во Келн кои создаваа електронска музика како Штокхаузен или Хумперт, или т.н. Komplexizisten. Тие биле познати во интернационални рамки, имале огромно влијание и соработувале со различни композитори од Франција, Италија и САД.
Многу странски композитори го донеле сопствениот културен и креативен багаж во Германија, придонесувајќи кон развојот на модерната музика, меѓу кои Кејџ, Лигети, Ноно, Булез, Кагел и други. Така, тој развој од една страна не бил под влијание на германската музика, но бидејќи живееле во пост-национално социјалистичко општество чија главна цел била да ја поддржува „слободата на изразот“,се развиле големите школи на модерната музика, како оние во Дармштад, Дунаушинген. Многу од денешните композитори се гледаат себеси како духовни потомци на овие школи.

#3 Д.П. Колку на сензибилитетот на ансамблот му е блиска импровизацијата?
Х.Е.
Точно е дека е блиска. Веруваме дека импровизацијата е највисока форма на создавањето музика.

Д.П. Кои се елементите кои ја конструираат добрата жива изведба? Како вие, како група на музичари пристапувате кон изведбата на сцена?
Х.Е.
Настапувањето на сцена е нешто многу природно за нас. Создавањето музика и нејзиното споделување со публиката е нормален дел од нашите животи. Да се биде на сцена значи да се биде во музиката. Ништо друго не е важно.

Д.П. Кои се вашите сегашни проекти и планови за иднина?
Х.Е.
Планирани се концерти во Германија и снимање на албум.

2018-08-21T17:21:11+00:00 јули 3rd, 2008|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 60|