Диксифрог рекордс

/, Звук, Блесок бр. 22/Диксифрог рекордс

Диксифрог рекордс


Томи Кастро Бенд – Крив за љубов (ДФЦД 8524)
Лери Мекреј – Блузот е мој бизнис (ДФЦД 8522)
Папа Чаби – Ја претставува њујоршката блуз сцена – повторно (ДФЦД 8523)
Мејсон Кејси – Душа на огин (ДФЦД 8521)
Бил Пери – Запали го тоа (ДФЦД 8519)
Тино Гонзалес – Модерен скитник (ДФЦД 8515)

#2 Името на Мејсон Кејси во моментот сè уште не е име кое фигурира како познато во поширокиот круг на љубителите на блузот, но само е прашање на времето кога работиве ќе се сменат во полза на Мејсон. Доколку сакате вашиот блуз во фанки манир, зачинет со одлична усна хармоника, „чаден“ вокал и одличен гитаристички удел на Папа Чаби и Зек Зунис, тогаш ова е диск за вас! Од првите тактови на „Вуду Буги“, ритамот ве опседнува и не ве напушта до последните ноти на сјајната изведба на „Луцил“ од репертоарот на Литл Ричард. Доколку планирате сериозна журка, нема да згрешите со Мејсон Кејси! Тој е одличен музичар и благодарение на „Диксифрог Рекордс“ стана достапен на европските љубители на блузот. Да се надеваме, дека наскоро ќе следува и европска турнеја.

2018-08-21T17:21:55+00:00 октомври 1st, 2001|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 22|