Диксифрог рекордс

/, Звук, Блесок бр. 22/Диксифрог рекордс

Диксифрог рекордс


Томи Кастро Бенд – Крив за љубов (ДФЦД 8524)
Лери Мекреј – Блузот е мој бизнис (ДФЦД 8522)
Папа Чаби – Ја претставува њујоршката блуз сцена – повторно (ДФЦД 8523)
Мејсон Кејси – Душа на огин (ДФЦД 8521)
Бил Пери – Запали го тоа (ДФЦД 8519)
Тино Гонзалес – Модерен скитник (ДФЦД 8515)

#3 По својот последен диск „Вратен назад“ (ДФЦД 8520) на кој ги исполни своите омилени композиции од шеесетите години, Папа Чаби се врати на дискографската сцена со својот најнов проект, втор во серија претставувања на современата нјујоршка блуз сцена. И овој пат Чаби се појавува во одлично друштво на музичари кои заслужуваат внимание. Ирвин Луис Латин, Зек Зунис, Луис Гејтвуд, Џо Тејно, Стив Логен и Мет Смит се имиња кои веројатно ништо не ви значат во животот, како и на повеќето други надвор од Њујорк, но благодарение на Папа Чаби, ситуацијата за споменатите музичари можеби ќе се смени кон подобро и тоа мошне брзо! Блузот на нјујоршката сцена не може да се спореди со блузот во класична смисла, туку се работи за поширок поим кој подразбира современа музичка надградба во која се инкорпорирани различни, често диспаратни музички содржини како ритам и блузот, Латино рок, хип хоп и сешто помеѓу! Ова оригинално сочинение секако ќе ве однесе на подиум за играње, доколку сте живи, се разбира! Проверете кои се овие „нови дечки“ на блуз мафијата на Папа Чаби, нема да зажалите!

2018-08-21T17:21:55+00:00 октомври 1st, 2001|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 22|