Диксифрог рекордс

/, Звук, Блесок бр. 22/Диксифрог рекордс

Диксифрог рекордс


Томи Кастро Бенд – Крив за љубов (ДФЦД 8524)
Лери Мекреј – Блузот е мој бизнис (ДФЦД 8522)
Папа Чаби – Ја претставува њујоршката блуз сцена – повторно (ДФЦД 8523)
Мејсон Кејси – Душа на огин (ДФЦД 8521)
Бил Пери – Запали го тоа (ДФЦД 8519)
Тино Гонзалес – Модерен скитник (ДФЦД 8515)

#4 Лери е во право: блузот е негов бизнис, а тој е одличен бизнисмен! Неговиот последен проект секако ќе му донесе нови обожаватели бидејќи е изнијансирано подговтвуван за пошироката публика, со определена доза на „мејнстрим“ звукот како совршен производ на современата блуз продукција. Лери е на сцената веќе подолго време и, се чини, сега е вистинско време за него – да се здобие со можност да го прифати поширокиот аудиториум слушатели и наклоност на музичката критика. Оригиналниот материјал на дискот е комбиниран со стандардите на Тини Хоџис, Ворен Хејнс, Џери Реговој, Бови и Керни, Тод Волф и Дејв Стин. Неколку извонредни „бавни“ блузови зачинети со фанки рок моменти, а сето тоа под диригентската палка на легендарниот продуцент Мајк Вернон се гаранција за повторни слушања. Овој пат Лери Мекреј, со својот пристап секако ќе придобие и голем број љубители на рокот, нови следбеници на неговиот блуз.

2018-08-21T17:21:55+00:00 октомври 1st, 2001|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 22|