Вебстер, Малиган, Хокинс и ноќта што следи

/, Звук, Блесок бр. 116/Вебстер, Малиган, Хокинс и ноќта што следи

Вебстер, Малиган, Хокинс и ноќта што следи

Дневник од мостот
Неговата скица – Малиган го среќава Вебстер
Нејзината скица – Хокинс со Локџо Дејвис
Европска ноќна ластовица

На мостот сега стои некоја друга жена. И дојде отсвирената ноќ. Стоев токму тука, кај што стои таа, кога те оставав. Или ти ме остави мене. Оставајќи ми и селективно сеќавање.

Не ме интересира твојот избор, во главата мелодиите на мостот ми ги отсвирија Колман Хокинс и Еди Дејвис, албумот е Ноќен сокол. Плоча која заедно ја најдовме, во првите денови на нашите разоткривања, во ноќите на глад и незаситност. Тогаш не знаев зошто ми е битна, ама ми беше јасно дека на секоја нота морам да ѝ најдам место на твоето тело и во своите мисли. За патувањето од кое секогаш се плашев. За оставањето, како одбрана од оставањето. За ноќните птици и зачадените барови во кои никогаш сама не се осмелив да влезам. Ниту пак ти. Отсекогаш си бил поголем плашливец и лудак. Тоа се твоите територии, таму остануваш непобедлив.

И баш ми е гајле за твоите лекции. Знам дека, дури и сега кога исчезнувам, би можел без проблем да одржиш лекција за тоа како Колман Хокинс, Лестер Јанг и Бен Вебстер се цареви на тенор саксофонот, како го измислиле и го сместиле во секое ќоше на она што се смета. Сега кога е доцна не можеш да ми го запреш вниманието ни со лириката на свингот на Вебстер. Ти одиш по ѓаволите. Јас ја одбирам музиката на изчезнувањето!

COLEMAN HAWKINS WITH EDDIE “LOCKJAW” DAVIS ‎– NIGHT HAWKE

2018-08-21T17:20:34+00:00 октомври 21st, 2017|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 116|