Бодан Арсовски: Детали

/, Блесок бр. 03, Звук/Бодан Арсовски: Детали

Бодан Арсовски: Детали

#1 Бодан Арсовски е бас гитарист, роден во Македонија 1956. Познат е како член и еден од основачите на легендарните „Леб и сол“. Во период од 20 години има објавено 12 ЛП плочи и 4 CD-а заедно со групата и има настапено во следните градови: Њу Јорк 1991 (CBGB), Чикаго 1982 (Tuts), Вашингтон 1982 (9:30), Лондон 1994 (Astoria, Ronnie Scott’s) Парис 1994 (New Morning), Амстердам 1994 (Paradiso), Прага, Белград, Загреб, Сараево, Љубљана, Скопје, Солун … …

Неговиот прв соло проект „Недоглед“ е реализиран во 1995. Овој пат тој уште повеќе се потпира на македонскиот фолклор, што е резултат на неговото пријателство со светски познатиот гајдаџија Пеце Атанасовски. Во 1996, Бодан Арсовски ги доби македонските награди за најдобар албум, за најдобар концерт и за најдобар композитор.

„Недоглед“ побуди голем интерес како во Македонија така и кај промотерите во Белград, Загреб, Трст, Солун, Виена и Кејп Таун.

Следниот CD „Тиресии“ (1998) е составен од музика компонирана за античките трагедии „Бакхи“ и „Медеа“ од Еврипид. По објавувањето на овој материјал, Бодан Арсовски ја прифати понудата да компонира опера за „Едип“ од Сенека, што ќе биде режирана од Дејвид Готард од Англија.

Во летото 1998, Бодан повторно почна да работи со „Езгија Оркестра“. Одржаа многу концерти во Македонија и Хрватска, а следуваат настапи во Виена, Копенхаген, Кејп Таун (ЈАР) и Провиденс (САД).

За повеќе поединости, контактирајте со:
ЕЗГИЈА
телефон: +389 2 361 725
факс: +389 2 118 661
е-пошта: bodan@mpt.com.mk


звучни записи

2018-08-21T17:22:16+00:00 јуни 1st, 1998|Categories: Осврти, Блесок бр. 03, Звук|