Бил Калахан

Бил Калахан

СМОГ
ВРВОВИ, ВО МАГЛАТА
ТАНЦУВАЈЌИ СО НАС
БИЛ БОКСЕРОТ

Во раните деведесетти, Drag City беше важна институција со добро уво – тие собраа уметници како Pavement и Silver Jews. Исто така, издадоа и различни инкарнации на Palace на Will Oldham. Бендот Smog почна во истата средина, еден човек, една машина, тој наспроти светот, бестрашен и подготвен да сонува.
Човекот кој го одбира Роки на Сталоне наспроти Таксист на Скорсезе е мој тип, а нашето објаснување на тој избор е слично: приказната за обичниот човек кој се бори до врвот и за младиот актер кој се обидува да направи сјаен филм е многу попривлечна од приказната за Исус.
Ова е Калахан со кого се идентификуваме. Зборувам за него, а нѐ гледам нас, на врвот на урнатината која била прекрасна вила. Под нас има необично зелена река. Нѐ врзува волшебно растение. Годината е илјада деветстотини деведесет и осма. Гледам канцеларија и нејасни визии на иднината на музиката и книжевноста која сме предодредени да ја смениме. Седам на душек ставен на подот, насекаде околу нас има плочи, грамофонот е позајмен, небото е над нас, тргуваме со визии и се ослободуваме од жените со тоа што ги ставаме со песните што ќе ги напишеме.
Diamond Dancer: http://youtu.be/oMEq_9e02Qc

2018-08-21T17:20:42+00:00 ноември 9th, 2014|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 99|