Бил Калахан

Бил Калахан

СМОГ
ВРВОВИ, ВО МАГЛАТА
ТАНЦУВАЈЌИ СО НАС
БИЛ БОКСЕРОТ

Никогаш не научив како да си ги засукам панталоните, деновиве пак учам, но имав среќа што другите околу мене знаеја како тоа да го сторат совршено. Тогаш, зеленкавата супстанца беше скоро домашно производство, и удираше на сите вистински места, нѐ правеше да се чувствуваме добро качени на уништените згради кај што сонувавме за патиштата и патувањата. Половина од формулата е да знаеш колку далеку да одиш. Помешај ја со малку страдање и смеа (http://youtu.be/AoKoE7RKx2k ), додај бендови како Smog, Arab Strap, Cat Power… и dEUS, кои тогаш беа најдобриот бенд на светот, но како што кажале мудрите: Штом ќе објават „Најдоброто од“, треба да ги отпишеш.
По овој наплив од доцните деведесетти, ќе се вратам на нивните почетоци, во 1990 година Калахан го објави приот албум. Беше снимен на две ленти со опремата што му била достапна тогаш. Долго време се мислеше дека Бил намерно одбрал да свири на тој начин, но тој подоцна ги растури тие илузии со едноставно признание дека тогаш тоа била најдобрата опрема која му била достапна. Соништата не престануваат заради техникалии. Плочата ја издаде Drag City, а Калахан до денеска останува еден од нивните музичари.
Освен тоа што се издавачи на музиката на Калахан, Drag City издадоа и две од неговите книги. Последната е збирка на стихови, или да бидам попрецизен – поезија, од повеќе од неговите албуми. Книгата е насловена I Drive a Valence, а илустрирана е со цртежи на Калахан со туш.
Ambition: http://youtu.be/emIKbduPPE8

2018-08-21T17:20:42+00:00 ноември 9th, 2014|Categories: Осврти, Звук, Блесок бр. 99|