Mинливост, трансформација и губење на идентитетот

/, Галерија, Блесок бр. 85/Mинливост, трансформација и губење на идентитетот

Mинливост, трансформација и губење на идентитетот

#1 Блу e псевдоним на италијански уметник кој го крие својот идентитет. Живее во Болоња и е активен во уличната уметност од 1999. Со техниката на stop motion (кадар по кадар) уметникот создава прекрасни, но и бизарни анимации кои ја „чепкаат“ темата за минливоста, трансформацијата како и губењето на идентитетот. Неговите ликови се шетаат низ урбаното ткиво на градот, прелевајќи се преку рабовите на зградите и виреејќи низ градските пори.

#2 Блу е најпознат по своите мурали со остри политички пораки; користејќи се со stop motion анимациите во своите дела ја додава димензијата на времето и го претвора процесот на создавање на уметничко дело во широко социјално искуство.

#3 Делата на овој прогресивен уметник со прекрасна фантазија се поставени како стална поставка на фасадите на многу згради во различни градови и оставени да живеат самостоен живот додека градот околу нив се менува. Тие стануваат или симбол на одреден простор или паѓаат во заборав, нагризени од дожд, од ветар, или од рамнодушноста на минувачот.

АвторКалина Б. Исаковска
2018-08-21T17:20:53+00:00 септември 2nd, 2012|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 85|