Цртежот

Цртежот

Од каталогот кон изложбата во „Мала Галерија“ (10.04.–11.05.2008)

#1 Цртежот секојпат ми причинувал големо задоволство заради неговата непосредност и едноставна техника. Тој е брз запис каде што психо-моторните функции доаѓаат до израз.
#2 Необјасниви сили ја водат раката … со многу тајни. Знаковен систем без интенции на знаење, а со тоа ослободен од допирот на идеолошката појмовна сфера. Организација на материјалниот свет спрема ликовниот клуч. Мигови на очовечување, самоспознание, на длабока и искрена радост.
#3 Фасцинацијата со линијата како основен ликовен елемент е, всушност, состојба на мојот сензибилитет, односно, на моите чувства и визии. Со неа ги изразувам најсуштинските содржини, та оттаму, со цртежот ја изразувам мислата, идејата, односно, визијата за темата, психолошкиот момент, итн.
#4 Насловите се со функција да го попречат реципиентот во намерата да ги вклучи цртежите во некоја позната област, да го обесхрабри секој обид „поезијата“ да ја сведе на игра без последици.

Скопје, март 2008

АвторБлагоја Маневски
2018-08-21T17:21:12+00:00 мај 10th, 2008|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 59|