Рецензија за Џенат Дрековиќ

/, Галерија, Блесок бр. 117/Рецензија за Џенат Дрековиќ

Рецензија за Џенат Дрековиќ

Рецензија за Џенат Дрековиќ


Но, да ѕирнеме со апаратот на Дрековиќ во уште еден аспект на човековото постоење во затворот. Ако тој е како онтолошки простор лишен од секаква субјективност и ако со нормата е строго одреден така да укинувајќи ги случките всушност го допира и човекот, основно прашање е кој е тој во затворот, освен што е сведен на функцијата на просторот, опредметен, таканаречен. Во ова прашање се открива самата суштина на постоењето на човекот во услови кога над него дисциплинските апарати на државата ја спроведуваат својата норма. На човекот, имено, му преостанува само тоа својата личност да ја изразува и да ја брани со интервенција на сопственото тело. Дрековиќ оттука ги фаќа тетоважите, таа метонимиска игра на кукастиот крст на кожата на затвореникот, или пак, сликата во која на кожата на затвореникот се сугерира лице на личност која лебди меѓу машкото и женското, или пак, е транссексуална. Така, телото се појавува како знак на слобода, говор на личноста, кое е изложено на дисциплинирање и казнување. Но, нели тоа е сè што му преостанува на човека и во она првото, тн. реално време каде што сме осудени на тоа системот да се интернализира во нашата психа и ум со лакановското производство на желби. Со други зборови, ако затворот е простор за дисциплинирање и казнување, нели просторот на слободата е само привид, оти во него системот се интернализира во нас, претворајќи нè во негови ментални поданици?

АвторЕНВЕР КАЗАЗ
ПреводЕлизабета Баковска
2018-09-25T13:02:29+00:00 јануари 3rd, 2018|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 117|