Ви ја претставуваме фотогалеријата на муралите насликани на годинешниот 8. Стрит артс фестивал во Мостар на кој учествуваат уметници од Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Италија, Шпанија, Бразил, Германија, Аргентина и САД.
Фестивалот се одржува од 2012 година и продолжува да се развива сè до денес, со цел да се облагороди јавниот простор, да се придонесе за културниот живот на градот, да се создадат мултикултурални урбани платформи и да се афирмираат млади уметници.
Преку уличната уметност во Мостар се огледува потенцијалот на културните и креативните процеси, кои ги поттикнуваат дијалогот и позитивните социјални реакции.
Со поддршка на домашните, регионалните и странските уметници, фестивалот од година во година расте, создавајќи простор за слобода во кој егзистира една од поубавите галерии под отворено небо во регионот, па дури и пошироко.