Един Вејселовиќ „АВТОПОРТЕТ Неретва“. Галерија Јава

/, Галерија, Блесок бр. 118/Един Вејселовиќ „АВТОПОРТЕТ Неретва“. Галерија Јава

Един Вејселовиќ „АВТОПОРТЕТ Неретва“. Галерија Јава

Един Вејселовиќ „АВТОПОРТЕТ Неретва“. Галерија Јава


Новата изложба на слики и видео на Един Вејселовиќ, „Автопортрет Неретва“ е отворена на крајот од минатата недела (2012) во галеријата Јава на Титова. Предниот галериски простор е пополнет со пет-шест суптилни и привлечни „автопортрети“на славната река, кои се посебна мешавина на традиционални пејзажи, земјишна уметност и акциона уметност.

Клучен за реализација на изложбата е внимателно обмислениот процес на правење на сликите. Тие се направени на отворено крај реката; уметникот детално се обидел да го најде точниот смарагден тон по кој е позната Неретва, а потоа го нанесол на платното. Откако го направил ова, овие сирови материјали се ставени во реката, која влијаела на нив, на начин што Реката прави свој автопортрет; на крај, делото се вади од реката и се подготвува за изложбата.

Би било возможно да се прочита оваа изложба во однос на традиционалниот пејзаж, но ова би нè ограничило на еден одговор. Готовите слики – триптихот во предниот простор на галеријата, е навистина привлечен и повикува на повторно гледање, па тој сигурно стои рамо до рамо со други примери на современо пејзажно сликарство, како оние на Џон Вирчју.

Но, традиционалното пејзажно сликарство, во својот обид да го дофати „духот на просторот“ или „безвременските духовни вредности на (која и да е) нација“ фундаментално е за еден поединечен уметник кој ја подредува и ја компонира природата, за да му наметне своја рас/подредена визија на гледачот. Овде се одвива сосема спротивното. Дефинитивно, реката Неретва со своите одлични сјајни бои во одредени периоди на денот, и со својата централна улога во различни фази на историјата на БиХ е клучна одредница на котингентните историски наративи и идентитети на оваа земја; но, уметникот овде себеси се редуцира на многу минимална улога. Овие дела откриваат уметник кој сака да се фокусираме на неговиот субјект и на неговата современа ситуација, наместо на својата креативна личност.

Природата на овие композиции остава случајноста и околностите да имаат важна улога во конечното дело, исто колку и самиот уметник. Има чувство дека има добар дел од уметничката личност кој е „измиен“ од постојаното движење на реката. Во оваа смила, можно е да се повлечат интересни паралели меѓу овие примери на пејзажно сликарство и земјишна уметност – директна интервенција во природата, а потоа оставена на милоста на природните процеси по заминувањето на уметникот (како што секоја година практикува Арс Козара), и перформанс специфичен за одредена локација. Процесот во кој е направена сликата, како и перформансот, е внимателно документиран и зачуван за иднината. Има повеќе лукаво ехо на славното „сликарство со гестови“ на Џексон Полок, соблечен до појас, на отворен простор, во педесеттите години, во Америка, во овие современи фотографии на уметникот во акција на реката.

Традиционалната пејзажна уметност, ако по нешто, е забележана по својот политички конзервативизам. Овие пејзажи имаат многу поостар критички пристап во себе. Делото на Вејселовиќ е делумно спонзорирано од локалната канцеларија на WWF, кој е активен во кампањата против идните еколошки катастрофални шеми за хидроцентрали во реката. Во оваа смисла, ова шоу е слика на Неретва пред таа да стане место на протест, можеби контраст меѓу „вечната“ природа на реката и минливите политички форми на денешницата.

АвторЏон Блеквуд
2018-09-25T09:34:27+00:00 март 27th, 2018|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 118|