Дејвид Линч: Мајстор на филмската мистерија

/, Галерија, Блесок бр. 25/Дејвид Линч: Мајстор на филмската мистерија

Дејвид Линч: Мајстор на филмската мистерија

#9 Повторна соработка со Кајл Меклахлан, но овој пат наместо во 10 илјадита и некоја во универзумот, приказната се одвива во минатиот век на Земјата, некаде во срцето на типично белата Америка. И што сè ќе пронајдеме под површината на таа средина? Зошто и како Денис Хопер #10 успева да биде толку уверлив во улогата на психопат? Како да го толкуваме крајот на филмот? И кој ја уби Лора Палмер? Е, ова прашање ќе стане навистина актуелно во 1990 година, кога првата сезона на „Твин Пикс“ ќе биде емитувана на малите екрани, станувајќи глобален телевизиски феномен, ТВ-сапуница како ниедна дотогаш. Кајл Меклахлан и Џек Нанс уште еднаш. Шерилин Фен и Лара Флин Бојл за првпат. Фантастична насловна нумера, семплувана од Moby на неговиот голем хит “Go”… Истата година, Дејвид Линч ја зема и „Златната палма“ во Кан за пеколниот road-филм „Диви во срцето“ со Николас Кејџ, Лора Дерн и неповторливиот Вилјем Дефо како Боби Перу… На HBO во 1992 година ќе биде прикажана три-епизодната серија „Хотелска соба“ (Линч ги има режирано 1-вата и 3-тата епизода). Во истата година, серијата „Твин Пикс“ ќе го доживее својот prequel во форма на игран филм насловен како „Твин Пикс: Огну, дојди со мене“ (во филмот се појавува и Дејвид Боуви во улога на Филип Џефрис).
#15 По петгодишна пауза од режисерскиот стол на играни проекти, прекината единствено со учеството во проектот “Lumiere and company”, во кој режисери од калибарот на Питер Гринавеј, Коста Гаврас, Спајк Ли, Лив Улман, со оригиналната филмска камера на браќата Лимиер, на најразлични локации низ светот, снимаат филмови пократки од една минута, во 1997 година се појавува уше еден ултимативен headfuck од Линчовата психотична работилница, „Изгубениот автопат“,#2 работен според романот на Бари Гифорд, проследен со одличен саундтрак во кој своето место, покрај редовниот Ангело Бадаламенти, си го пронајдоа и: NIN, Боуви, Smashing Pumpkins, Бери Адамсон, Rammstein. Кајл Меклахлан овој пат е отсутен, но затоа пак го добиваме Бил Пулман во улога многу поразлична од онаа во „Денот на независноста“, а во кратка cameo улога се појавува и Мерилин Менсон лично. Во 1999 година, неговиот линчовско-нелинчовски филм “Straight Story” ја доби европската филмска награда, а две години подоцна, на минатогодишниот Кански филмски фестивал, заедно со Џоел Коен, ја добива наградата за најдобра режија за феноменалниот “Mulholland Drive”. Нешто повеќе за овој филм – во рубриката на рецензии, а НАМЕСТО СТАНДАРДЕН ЗАКЛУЧОК, неколку извадоци од личните размислувања на самиот Линч за филмската музика и филмот општо:
#7 „Музиката е навистина битна за мене уште од периодот кога бев мал и навистина е неверојатно колку многу знаеме без да бидеме свесни за тоа. Јас на пример не сум школуван музичар, но кога ќе навлезеш во тоа, откриваш колку многу знаеш за формата“, или за филмовите: „Јас сакам да работам филмови бидејќи сакам да одам во поинаков свет. Сакам да бидам изгубен во поинаков свет. Моите филмови се како филмски слики – подвижни портрети фатени на целулоид. Меѓу режисерите што ме инспирирале се наоѓаат: Били Вајлдер, Федерико Фелини, Ингмар Бергман, Џон Форд, Орсон Велс, Вернер Херцог, Стенли Кјубрик, Алфред Хичкок, Френсис Форд Копола и Ернст Лубич“.

АвторЈане Алтипармаков
2018-08-21T17:21:51+00:00 март 1st, 2002|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 25|