Годишна ликовна награда за млад уметник „ДЕНЕС“

/, Галерија, Блесок бр. 60/Годишна ликовна награда за млад уметник „ДЕНЕС“

Годишна ликовна награда за млад уметник „ДЕНЕС“

ДЕНЕС 2008
Тунел – Ана Ивановска
Пирамидите во h=0 – Славчо Спировски
Западен Балкан (весник за еден измислен регион) – Тихомир Топузовски
Чанти на смеата и заборавот (Истражување на нови грид* системи) – Неда Фирфова

#11 „Обидот“ да се проблематизираат основните елементи на една ликовна поставка, е можеби најкраткиот опис кој можам да го дадам за овој мој проект!
Поставката на ова дело се состои од девет технички цртежи на мои скулптури (изработени според сите норми и стандарди) испечатени на плотер-хартија, поставени еден до друг градејќи притоа една површина (горна површина на постамент) на која се поставени 27 скулптури (компјутерски обработени фотографии од мои скулптури со своите сенки). Истите се сведени на илузија за присутност, на силуетност без никаква насоченост кон детаљ, но придружени со својата сенка оддаваат одредена назнака за претходна состојба.
Скулптурите (компјутерски обработените фотографски прикази) се пренесени на друг медиум (графички филмови) кои пак со својата транспарентност и додаваат посебна сочност на целата поставка.
Површината – постамент „изградена“ со помош на техничките цртежи, е дополнително сегментирана со користење на градација на боја која визуелно го „руши“ подот и оддава „негативна“ просторност во три сегменти.
Цртежот
искористен во поставката (барем според мене) има единствена цел, со својата линеарност да додаде елемент на дополнително „рушење“ на дадената плошност.
Интригантноста или контрадикторноста се појавува уште од самиот наслов… дали е можно скулптура да се „мисли“ без своја висина, дали сенката (илузијата) е доволна предлошка за тридимензионалност, дали градацијата на тон може да направи визуелна просторност, дали цртежот (каков и да е) е доволен за да потенцира или уништи плошност?…

АвторДЕНЕС 2008
2018-08-21T17:21:11+00:00 јули 3rd, 2008|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 60|