Годишна ликовна награда за млад уметник „ДЕНЕС“

/, Галерија, Блесок бр. 60/Годишна ликовна награда за млад уметник „ДЕНЕС“

Годишна ликовна награда за млад уметник „ДЕНЕС“

ДЕНЕС 2008
Тунел – Ана Ивановска
Пирамидите во h=0 – Славчо Спировски
Западен Балкан (весник за еден измислен регион) – Тихомир Топузовски
Чанти на смеата и заборавот (Истражување на нови грид* системи) – Неда Фирфова

#1 Комуникацијата на делото со набљудувачот е наметната во инсталацијата „Тунел“, преку поставеноста која е доволно тенденциозна да го зароби и менува галерискиот простор. Брановидните движења и трансформирачката моќ на тунелот, ширејќи и стеснувајќи го просторот, предизвикуваат вибрации, навестуваат движење, сензибилитет. Реципиентот и без сопствен избор е ,,втурнат“ во лавиринт од впечатоци создадени преку визуелниот јазик.
#3 Тунелот е создаден од чувства. Тој и самиот претставува чувство. Пандан на женската природа – непостојана, циклична, зависна, менлива, интуитивна. Откритието за таа женска природа се оживотворува во тунелот. Сепак, целовитоста на делото не би постоела доколку е исклучен активниот принцип, машкиот, наспроти пасивниот, женски. Машките симболи се ненаметливо вткаени во самата структура.
#5 Специфичноста на работата со материјал како јаже и неговото исплетување може повторно да се доведе во корелација со женскиот сензибилитет, традиционалното ткаење, но сега со структура изградена низ современ израз.
#7 Женскиот принцип речиси секогаш се поврзува со плодноста. Кај секого постои потсвесно тежнеење за враќање во утробата, потреба за сигурност и заштитеност. Во тунелот се всадува семето на плодноста.

#10 Блискиот контакт со делото буди импулс за размислување, за различни доживувања и интерпретации. Се отвора прашањето за непознатото: од каде доаѓаме и каде одиме. Одамна изгубеното латентно сеќавање на светиот чин на раѓање и неизбежната човекова судбина, ,,светлото зад тунелот”. Тунелот може да се доживее како исцелувачки процес, спиритуална обнова, осветлување на веќе постоечките вистини. Сепак, сè останува на набљудувачот и неговото чувство.

АвторДЕНЕС 2008
2018-08-21T17:21:11+00:00 јули 3rd, 2008|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 60|