Пат за Парамарибо

/, Театар/Филм, Блесок бр. 36/Пат за Парамарибо

Пат за Парамарибо

Лица
1. Марибор, Парамарибо
2. Бостон, аеродром

Полетува авион. Најава на аеродромски разглас. Шум од врвулица.
Пем и петгодишната ќерка се во чекална. Облечени се конвенционално.
Влегува Роуз. Полничка е. Носи широки куси панталони, откачена Т-маица, патики и фотоапарат околу вратот. Ги бара во врвулицата.

ПЕМ:
Роуз! Роуз, тука сме!

Се прегрнуваат.

РОУЗ:
(Егзалтирано)
О, боже фала ти! Мислев дека сте заминале, Пем. Оној идиотски таксист го промаши гејтот. Изгубив толку многу време додека го најдов. (На девојчето на Пем) Кукле, па ти толку си пораснала. Си била ли друг пат во Дизниленд? Сакате да ви признаам? Ова ми е мене четврти пат. И знаете што, нема да биде и последен. (Се смее) Многу се радувам што ќе одиме заедно.

ПЕМ:
Добро, добро…

РОУЗ:
Еј, чекајте малку, сакам да ве сликам.

ПЕМ:
Доцниме Роуз. Само што го објавија последниот повик. Чувај го филмот за Дизниленд. Ајде, побрзај.

РОУЗ:
Но, Пем душо, јас ја сменив картата.

ПЕМ:
Како тоа мислиш?

РОУЗ:
Мислев дека нема да го стасам овој лет. Си купив карта за следниот.

ПЕМ:
Си купила карта за следниот? Тогаш што чекаме ние? ОК, Роуз, се гледаме во Лос Анџелес. Ќе се најдеме во хотелот. Резерваците ни се потврдени. Чао.

Ја зема малечката за рака. Забрзано одат.

РОУЗ:
Еј, чекајте малку.

Пем и малечката се вртат кон неа.
Таа ги фотографира. Блеснува блицот. Ги осветлува нивните возбудени лица и забрзаната поза. Се слуша разгласот.

Прочитај го целиот текст

2018-08-21T17:21:38+00:00 јуни 1st, 2004|Categories: Текст, Театар/Филм, Блесок бр. 36|