Анимирајќи го Античкиот театар преку компјутерска графика

/, Театар/Филм, Блесок бр. 27/Анимирајќи го Античкиот театар преку компјутерска графика

Анимирајќи го Античкиот театар преку компјутерска графика

Разговор меѓу Сали Геч од Универзитетот Ворвик, Англија и Стефан Дидак, Анимеџик, Холандија

Сали Геч – Кога првпат го видов предлогот на Анимеџик за дизајнерите, toolkitот ме запрепасти, не толку неговата очигледна корисност за сцената и осветлителите колку како средство за учење и истражување на Античкиот театар.

Стефан Дидак
– Ова што го рековте ни даде идеја дека можеме да го збогатиме стандардното мени за да се добие поопстоен преглед што значи движење по разните делови од сцената, придружните елементи и тн.

Сали Геч
– Оние што ги практикуваат Грчките и Римските изведувачки уметности работат најпрво со симулации, претпоставки и реконтрукции имајќи го предвид фактот дека трагите за античката изведбена уметност се фрагментарни. Дводимензионалните модели и археолошките планови што се користат од предавачите често збунуваат визуелно иако не збунуваат толку колку Театарот на Дионис во Атина. И хипотезите за тоа како функционирала сценската машинерија, како што е кранот и ekkyklema се многу незасновани како резултат на немањето средства за експериментално градење.

Стефан Дидак
– Една од најважните задачи на компјутерската графика е да прави визуелизациии и анимации што не можат да се испробаат под нормалнии услови поради како што веќе рековте недостаток на средства. Постојат бројни примери во нашата практика, компјутерската графика да ги има убедено инвститорите да обезбедат средства за проектите. Симулациите направени најчесто за офшор компании доведоа до нови идеи за конструирање бродови и во глобал а и во деталите. Дизајните што ние ги направивме потоа беа преформатирани во други формати и беа искористени од фирма специјализирана за структурни анализи. Оваа компанија потоа ги тестираше носечките столбови на дизајнот и конструцијата за да види дали е сигурен според индустриските стандарди и дали е возможна од градителски аспект. Истото ова се однесува и за реконструкцијата на античкиот театар.

Сали Геч
– Високотехнолошките и професионални 3Д анимации со поддршка за размени на формат фајловите со системи како AutoCAD можат да го изменат сето ова.

Стефан Дидак
– Да. И AutoCAD има најдобри индустриски стандарди за размена на фајлови кога се зборува за дводимензионални и тродимензионални модели.

Сали Геч
– Можеме да ги внесеме (хипотетичните) димензии на ТДА и да создадеме тродимензионален модел што можеме да го ротираме за да ги покажеме перспективите на гледачите и на актерите, и да ги тестираме гледиштата на различните позиции на cavea. Можеме да создадеме оригинална логистика за хорската изведба.

Стефан Дидак
– Ова е едно менијата што нема да го внесеме во toolkitот за што системите како AutoCAD, 3D Studio веќе ги имаат во себе.

Сали Геч
– Ако toolkitот овозможува звук тогаш можеме да ја синтетизираме aulos музиката и интеракцијата со акустичните можности на амбиентот.

Стефан Дидак
– Не сме во можност да вклучиме и звук. Технички тоа е изводливо, но ќе го направи целиот систем многу комплексен. Toolkitот ќе работи под системот 3D Studio што нема директна подршка за звук. Но како и да е звук ќе може да се додаде во постпродукциската фаза кога симулациите ќе се стават на видео лента.

Сали Геч
– Звучните можности на театарот, антички или современ, се големи, ако се има предвид акустиката на просторот.

Стефан Дидак
– Кога се работи за компјутерска симулација на звукот ова е сосема поинакво прашање и луѓето се уште истражуваат во овој домен.

Сали Геч
– Накратко, овој софтвер ќе ни овозможи да работиме во Театарот на Дионис или во Епидаур или за кој било театар што е откриен без ризик за нанесување штета на локалитетот или за оддвојување огромни средства за градежни материјали и работници.

Стефан Дидак
– Потполно сте во право. Секое место или сцена може да се визуелизира доколку постојат податоци за нивниот дизајн и конструкција. Единтвеното време кое претставува инвестиција е времето потребно да се изработат моделите (сцена, придружни објекти) и штом еднаш се изработат со нив ќе може да се ракува лесно и корисно додавајќи светла или сенки онаму каде што ќе биде потребно. Секоја нова информација за изгледот на кој било конкретен театар значи и дека во изградбата на моделот ќе може да се прошири базата. Секоја нова информација може да се искористи за нешто такво. Со тоа се зголемува и можноста да се визуелизира што било без да се минува низ процесот на барање средства за секој проект при наоѓање нови информации. Доволна е само еднократна инвестиција во компјутерски хардвер и софтвер.

Сали Геч
– Можноста да се анимира и дигитално да се сними продукцијата значи да се избега од стотиците слајдови кои е подобро да се имаат отколку да се нема никаква илустрација за таа напрегната визуелна уметност, сепак тие го редуцираат театарот на сет од статични слики и го лишуваат од неговата виталност.

Стефан Дидак
– Веќе сликата кажува повеќе од илјадници зборови но замислете тие слики да се анимираат. Тие просто ќе ги приковаат луѓето кон екранот и ќе ги заинтересираат, но истовремено ќе ги убедат и инвеститорите да ги подржат проектите.

Сали Геч
– Можам да предвидам дека лугето откако ќе го прочитаат овој разговор ќе се запрашаат што се е потребно за да се направат тие анимации и симулации и какви можности постојат во овој момент за да се почне со овие задачи и уште повеќе колкава е цената еден ваков систем да се стави во погон.

Стефан Дидак
– Ако се фокусираме само на ПиСи платформата, постојат многу избори што можат да се направат за софтверот. Една копија од Autodesk 3D Studio и еден 486/66 PC со 16MB РАМ би бил добар почеток од околу $3500-$4000. Во случај кога станува збор за комплетен продукциски систем има и други прашања што треба да се споменат. Мора да се запази видео стандардот (ВХС или СВХС или професионален сет за емитување како што е Betacam-sp или ако треба да се снима и емитува директно од дискот како DSP’s PAR. Систем со СВХС со добри снимачки можности како оние за семејни свечености чини околу US$6000-$10,000 зависно од видео хардверот. Професионалната опрема за снимање и емитување е од US$10,000 па нагоре е добра, се разбира повторно во зависност од изборот на хардверот.

(преземено од списанието за антички театар Дидаскалија)

Превод: Роберт Алаѓозовски

АвторГеч и Дидак
2018-08-21T17:21:48+00:00 август 1st, 2002|Categories: Теорија, Театар/Филм, Блесок бр. 27|