Луна Прима

Луна Прима

*
Сцена 3: Страв…
Сцена 4: Како на цртан филм (II)
Сцена 5: … И ужас
Сцена 6: Како на цртан филм (III)
Сцена 7: Флешбек
Сцена 8: Сон

(Надвор од градот. Жак и Бил. Подоцна Тото.)

БИЛ: Еднаш како мали си игравме доктори. Тогаш за првпат го видов нејзиното тело.
ЖАК: Мислам дека бемката не ѝ е на добро место.
БИЛ: Естетиката не е предмет на нашата дискусија.
ЖАК: Таа е предмет на…
ТОТО: О, Жак, о Бил! О, qui bono?
ЖАК и БИЛ: О, Тото!
ТОТО: Никогаш повеќе нема да ја видите Лени.
ЖАК: Што велиш, несреќо, среде толку одвратен смрдеж?
БИЛ: И среде толку прекрасна реа?
ТОТО: Среде толку прекрасна реа, Лени отиде.
БИЛ: Со воз?
ТОТО: Ќе се дрзне ли некој да ја стигне, макар и без воз, не ќе се врати нигде.
БИЛ: О, ју блади елѝн.
ЖАК: И ти ја сакаш Лени!
ТОТО: Јас? Ниту сакам, ниту мразам. Лени ќе ми биде жена во млечните утра.
ЖАК: Колку се 3325 помножено со 2031?
БИЛ: ‘Ебам мамата.

2018-08-21T17:22:04+00:00 јуни 1st, 2000|Categories: Текст, Блесок бр. 15, Театар/Филм|