Седум песни

Седум песни

Ноќ пред заминување в шума
Манифест
Разлеано
Берлинска осаменост
Нов тестамент
Мисис Робинсон на отворен пат

Чет Бејкер


Разлеано

 

Да се смени бојата на косата во два наутро.

Црна или црвена – изборот е еднакво добар.

Уште подобро, да се скрати косата и сите неволи со неа

потоа секоја трага од старата да се отстрани со нова боја.

 

Да се испремести мебелот по дома,

да се најде ново место за најмали детали.

Така почнува, така завршува

епизодата во која умот го завел телото.

АвторМехмед Бегиќ
ПреводСузана В. Спасовска
2021-04-03T19:08:35+00:00 март 31st, 2021|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 136|