Најубавите години на нашите животи
патуваме низ постелите
уморни од уште една навика
телата на младите и убави богови
станаа тела на
непријатели
креветот на кој
поминавме години
стана музеј на
скаменетите страсти
и повторно имаме причина
да си ги свртиме грбовите
кога ќе го изгасиме светлото
те изгубив
ненамерно и лесно
и уште еднаш станавме
прекрасни губитници
хелиумски кукли
во осветлените излози на дуќаните
сонцето лебди
над смрзнатиот парк
го осветлува сувиот зимски пејзаж
најголема гужва е
во автобусот за гробишта
само ветрот е
поосамен од нас
Превод: Јовица Ивановски